Џејми Полок е култен херој на Манчестер Сити, по нашки би рекле Офсајд лик. Култен “херој“ не затоа што бил брилијантен, туку затоа што во една прилика бил ако може така да се каже смешно лош.
Фудбалерот од среден ред во март 1998-ма пристигнал во Манчестер Сити од екипата на Болтон и имал задача да му помогне на тимот да опстане во втората англиска лига во која преостанале уште 8 кола до крај.
Кога се играло претпоследното коло за Сити имало една и единствена опција да не испадне, а тоа е да победи на последните две пресметки. Но тоа претпоследно коло го донесе е еден од најбизарните, најсмешните, најапсурдните и најатрактивните автоголови во историјата на фудбалот.
Пустиот Џејми иинтервенирал со најдобра намера за да растисти било каква опасност во тие деликатни моменти за неговиот клуб, но со два одлични фудбалски потези се претвори во трагичар број 1 во англискиот фудбал. Постигна автогол на мечот против КПР кој не се опишува, туку се гледа неколку пати.
Што донесе автоголот?
Манчестер Сити за прв пат во својата историја испадна во трета лига, а на КПР му заврши работа да остане второлигаш.
Како резултат на тоа група навивачи на КПР го изгласале Џејми Полок за највлијателниот човек во изминативе 2.000 години. Џејми го ставиле на прво, а Исус на второ место.
Полок останал да игра за Манчестер Сити до 2000-та година, потоа направил трансфер во Кристал Палас, а кариерата ја завршил во Бирминген Сити на само 28 години.