16-годишно дете стана најмлад дебитант за Атлетико Мадрид

Диего Симеоне е мајстор да направи сериозна екипа. Летово управата му овзоможи неколку скапоцени фудбалери меѓу кои Кристијан Ромеро (40 милиони евра), Мортен Хјулманд (40 милиони евра), Канг Ли (40 милиони евра) и Алехандро Грималдо (22 милиони евра). Но и покрај тоа синоќа на отворање на сезоната во Ла Лига против Малага во први 11 му беа дури 5 млади фудбалери, непознати на јавноста од кои едниот има само 16 години.

Со 16 години и 241 ден левиот бек и стопер Хорхе Домингез стана најмлад дебитант во клупската историја на Атлетико Мадрид. 

Домингез е роден на 21-ви декември 2009-та година. И во подготвителниот период добивал шанса од Диего Симеоне а сега дебитираше и во Ла Лига и стана најмлад дебитант.

Игра во одбраната каде може да покрива позиција и на бек и на стопер. Синоќа играше во трио позади со Давид Ханцко и Робин Ле Норман.

Хорхе Домингез го урнал досегашниот рекорд за најмлад дебитант кој од 31 октомври 2008-ма година го држеше Кеко Хонтан кој дебитираше со 16 години и 307 дена.

Прекрасна атмсофера со светските шампиони од Атлетико Мадрид

Атлетико ја отвори сезоната со два гола за најавни шпици

20 август 2026 - 10:07