1. Феде Валверде раснел во работничко семејство во Монтевидео. Татко му работел како обезбедувач во казино а мајка му продавала играчки и облека на стар пазар бувљак додека малиот седел на кутиите и гледал коли како поминуваат.
2. Феде се срамел од сиромаштијата на неговите родители. Еднаш раскажал дека на постари години сфатил каква жртва поднеле неговите родители поради него. А во тоа време како дете ги гледал врсниците и сакал и тој да гледа фудбал на телевизија но немале кабловска дома.
Дебито за Пењарол кога за нив играше и ветеранот Диего Форлан со број 10:
3. Федерико на 14 години почнал да тренира фудбал во школата на трофејниот уругвајски клуб Пењарол. После две години по него дошле ловците на таленти од Арсенал. Неговите го советувале да оди а тој не бил баш расположен да оди толку далеку.

4. Валверде така се нашол на проба во славниот Арсенал но не му се допаднала Англија на тие години. Од сончевите улици на Монтевидео наеднаш се нашол во дождливиот Лондон.
5. Еднаш бил во некој парагвајски хотел кога му се јавиле од Реал Мадрид. Бил на младинска Копа Америка за играчи до 17 години во Парагвај. Родителите биле во друга соба. Мајка му му се јавила и му рекла: 'Еј дојди брзо кај нас сега. Има луѓе кои сакаат да позборуваат со тебе'. Тој прво одбил, но после мајка му го убедила да заѕвони на бројот.
6. По негова среќа и по среќа на Реал Мадрид, најголемиот клуб на светот не се оладил од него дури и по големиот испад на Валверде на Светското првенство У-20 за млади играчи кога после еден гол против Португалија направи гримаса за коси очи и сакаше да ги имитира домаќините од Јужна Кореја кои барале итно извинување.

7. Валверде кога дошол во Реал Мадрид во јули 2016-та година за 5 милиони евра колку што „кралевите“ му платиле на Пењарол од Монтевидео, веднаш после секој тренинг одел да купува се што до тогаш не можел да си дозволи.
8. Позајмицата во Депортиво Ла Коруња е важна глава. Во 2017-та Реал го прати на заем да се кали во Ла Коруња. Феде лошо ја прифатил таа одлука на клубот, тоа бил удар за него, се прашувал зошто како голем талент би го префрлале во понизок ранг. Но на крајот времето поминато таму во втора лига и тоа како му помогнало да се искали, да стане појак, да стане поимун на борба и дуели и да го достигне следното ниво.

9. Валверде во Депортиво Ла Коруња се најде со Кларенс Сидорф кој едно време таму беше тренер пола сезона. Сега кога го гледате Уругваецот во Реал Мадрид што мислите дека земал од легендарниот Сидорф?
10. Најважен момент во животот на Федерико Валверде е раѓање на син му Бенисио. Тој стана татко на 22 години, во 2020-та година. Вели дека дури кога основал семејство сфатил дека не смее веќе да троши пари на глупости и дека дошло време да созрее. Бил познат во екипата како трошаџија кој фрла пари на сè и сешто.

11. Пресвртен момент му станало испаѓањето на Реал Мадрид од Ајакс кога изгубија 1:4 од легендарната генерација фудбалери на холандскиот гигант предводена од капитенот Душан Тадиќ. После тој пораз кој тешко му паднал, Валверде размислувал дали е тој достоен да биде играч на Реал? Еднаш жена му а тогаш девојка Мина Бонино му кажала: 'Сериозно Феде? Ти така играш за Реал Мадрид'? Тоа му бил пресвртен момент.
12. Пред големото финале на Лига на шампиони во 2022 против Ливерпул Феде се пошегувал: 'За победата сум спремен и да се откажам од жена ми'. За среќа Реал Мадрид славеше убедливо, го освои пехарот па дома не морал да се објаснува за изјавата.

13. Во есента 2023-та во семејството на Валверде за малку немало трагедија и сопругата Мина за малку не го изгубила детето. Сега со второто дете Баутиста е се во ред. На почетокот на годинава овој пар објави дека чека трето дете.
14. Федерико Валверде до ден-денес вели дека не жали што го удирал фудбалерот Алекс Баена кој тогаш како играч на Виљареал му упатил монструозни навреди на Валверде на сметка на тешката бременост на жена му.
15. Валверде е еден од капитените на Реал Мадрид. Првпат со ленатата заигра во есента 2025-та на 27 години. Вели дека од тоа мечтаел уште од првиот натпревар за Реал. Синоќа со капитенска лента околу раката постигна 3 гола за 22 минути против големиот Манчестер Сити и влезе во историјата.
Валверде - Манчестер Сити 3:0, Бодо Глимт ја продолжи бајката!