Валверде - Манчестер Сити 3:0, Бодо Глимт ја продолжи бајката!

Капитенот на Реал Мадрид Федерико Валверде беше права ѕвезда на вечерта откако постигна дури три гола против Манчестер Сити, сите три во првиот дел. Норвешки Бодо Глимт го разби Спортинг Лисабон и со ПСЖ се со една нога во четвртфинале. Седум гола во Париз.

Со неверојатна партија на Уругваецот Валверде, Реал Мадрид без дури шестмина стандардни првотимци меѓу кои Мбапе, Белингем, Милитао и Алаба со 3-0 го разби Манчестер Сити во дербито на вечерта и му одржа прав фудбалски час. Притоа Реал промаши и пенал преку Винисиус за уште поубедлив и посигурен триумф.

Во Париз, ПСЖ со 4-2 го испрати Челси за Лондон каде за една недела ќе има реванш. Феноменалната сезона на Бодо Глимт кој игра фантастично во Лига на шампиони, продолжува. После гиганти како Сити, Интер и Атлетико Мадрид, норвешкиот симпатичен клуб го разби Спортинг Лисабон.

Лига на шампиони, 1/8 финале, резултати:

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН - АРСЕНАЛ 1-1 (0-0)
/Андрих 46' - Хавертц 89' пен.)

БОДО ГЛИМТ - СПОРТИНГ ЛИСАБОН 3-0 (2-0)
/Фет 32', Бломберг 45+1', Хох 71'/

ПСЖ - ЧЕЛСИ 5-2 (2-1)
/Баркола 10', Дембеле 21', Витиња 74', Кваратцхелија 86', 90+4' - Густо 28', Фернандез 57'/

РЕАЛ МАДРИД - МАНЧЕСТЕР СИТИ 3-0 (3-0)
/Валверде 20', 27', 42'/

 
11 март 2026 - 22:44