15 години од невиденото ремек дело на подзаборавениот Јохан Гуркуф
Со талентот кој го имаше, стилот на игра и техничките способности, го споредуваа со Зинедин Зидан, но неговиот потенцијал не излезе целосно на површина. Кариерата ја мина во Франција, со исклучок на двете сезони во Милан со кој ја освои европската титула во 2007-ма. Гуркуф е автор на гол за Бордо против ПСЖ, прогласен за број 1 таа сезона од страна на навивачите. Не се гледа секој ден вакво нешто. Генијално.