11 правила за тие што нема да гледаат Европско

Во врска со европското првенство во фудбал, кое што почнува денес, а Македонија игра за првпат, да се потсетиме на неколку правила кои највеќе ги засегаат нашите девојки, жени и останати не-гледачи на фудбал.

Европското првенство трае од 11.06.2021 до 11.07.2021. Во тој период:

1. Далечинскиот управувач е кај мене цел месец, поточно додека трае европското првенство.

2. Македонија за прв пат ќе настапува на оваква голема манифестација, така што во тој период гога играме ние, се гледа и се навива за нас, нормално и тонот на телевизорот никогаш не е прегласно пуштен.

3. Кажете на вашите другарки да не се пораѓаат, мажат и слични небитни активности за време на првенството, бидејки нема да одиме.

4. Навивате за репрезантацијата за која навиваме и ние.

5. Забрането е било какво зборување и поставување било какви прашања за време на натпреварот. Дозволено е само да се праша "Дали сакаш пиво". Кратки прашања се дозволени на полувреме или на крајот од мечот.

6. Репризите и хајлајтсите на натпреварите се исто толку важни како и самите натпревари.

7. Најстрого се забранува преминување, претрчување или било каква активност пред ТВ. Ако случајно МОРА да се помине, може тоа да се стори со ползење по подот.

8. Бидете сигурни да не поставувате глупави прашања во смисол "Роналдо против Барселона ли играат?"...ИТН.

9. Без мрштење и други слични изрази на лицето ако некој другар или другари дојдат да гледаме утакмица.

10. Дозволено е смеење, освен кога репрезентацијата за која навивам (нашата) "не дај боже" губи.

11. Забрането е да прашувате "Кои се правилата за офсајд“.

МАКЕДОНИЈА ⚽️⚽️⚽️⚽️

11 јуни 2021 - 11:38