Да, денеска е 15 март, денот на кој Интер во 2011-та го урна минхенски Баерн на гости со гол на Горан Пандев во 88-ма минута. Момент на кој се гордееше целата македонска јавност, а можеби и по некој македонски навивач на Баерн и Милан.
Добро не можеме да знаеме до толку, ама сигурни сме дека тоа беше голема работа која ја заврши капитенот на Македонија. Пази губиш дома 0:1, па таму е 2:1 за нив, што значи толку е, бидејќи германска машинерија е тоа, која попрво таа уште ќе те гази него ти нејзе да и направиш пресврт.
Но фудбалот затоа е убав и возбудлив, затоа што не знаеш што може да ти донесе до крај, а таков беше натпревар кој дефинитивно отиде во скроз неочекуван правец. Снајдер израмни на 2:2, а голот вреден елиминација за Баерн во осминафиналето на ЛШ го постигна нашата легенда.
Интер беше бранител на трофејот кој го освои со тим кој никогаш подобро го нема скроено Морати, а триото Пандев – Милито – Ето не знаеш од кај ќе удри. Колку самоуверено ја здрви таа топка Пандев во гол кој тогаш беше во најубавите фудбалски години.
Сакавме да пишеме и најзрелите, ама веројатно ќе згрешевме, бидејќи Пандев сега на 37 има позрело од било кога. Пет гола има сезонава за Џенова, а Македонија ја однесе на Европско.
Колку луд пресврт беше ова и незаборавен момент во кариерата на Горан. Погледнете го хајлајтсов. Боли глава е.