За важноста да се биде човек што вика „не“

Како родена во семејство на луѓето сакаат да угодуваат, имам потешкотии да кажувам „не“. Се потресувам од помислата на конфронтација. Се фиксирам на тоа како да одговорам на порака од најдобрата другарка, за да не звучам дрско. Треба да излеземе во сабота, и навистина не ми се оди, но секако, ќе дојдам. Списокот на обврски има да го решам, иако веќе крварам од очи! (Хипотетички, но… Јасно ви е.)

Наука на автентичноста - што значи вистински да се откриеш себеси?

Откако ќе тргне по белиот зајак во дупка под земја и неколку пати ќе смени големина, Алиса се фаќа себеси како се прашува: „Која сум јас на светов?“ Оваа сцена од книгата на Луис Керол може да ви се види позната бидејќи: во свет што постојано се менува, предизвик е да го најдеш своето автентично јас.

Сте пробале „ботокс за коса“?

Повторно пораснаа пребарувањата на терминот „ботокс за коса“, па ако сте пропуштиле, да разглобиме - длабински третман што поправа оштетена и сува коса.

Ајрис Апфел никогаш нема да се пензионира

Вели, „Тоа е судбина пострашна од смрт.“

Долги нокти се модерни, ама бактериите што се собираат под нив - не

Ги гледаме по Инстаграм и на суперѕвезди како Карди Би и Били Ајлиш, но наместо тие авторитети, може треба да послушаме реален авторитет: билог, на пример, кој вели дека трендот доаѓа со опасности по здравје.

Имаме токсична љубовна врска со филтрите за убавина

Постојат две јас: Едната постои, навистина. А другата е замислената Идна Згодна Јас. Поточно јас, ако си ги исполнам очекувањата за изгледот: како би изгледала со повеќе пари, добри доктори, повеќе спиење, со добар дерматолог или станување порано да се шминкам.

Жените ги боли глава два пати почесто од мажите

Главоболките се ужасна досада, а нарушувањата поврзани со нив ги има многу често. Анализирајќи податоци од 357 претходни истражувања кои ја мерат честоста на нарушувањата со главоболки, научници доаѓаат до заклучок дека повеќе од половина од светската популација страдаат од некаква состојба, како мигрена или главоболки поради притисок.

Стаклени ташни - добредојдовте

По ново, добра ташна треба значи - стаклена ташна.

„Roar“: Феминистички бајки и врвна екипа

Минатиот викенд, на Епл ТВ се појави Roar. Уште кога се најави, имаше многу реакции - антологиска серија од 8 дела со Никол Кидман, Бети Гилпин, Синтија Ериво, Алисон Бри и Мира Сиал, меѓу другите. Уште повеќе се зголемија очекувањата кога се разбра дека епизодите се адаптирани по колекција од раскази со истиот наслов, чиј автор е Сесилија Ахерн (од P.S. I Love You).

Барби стварно стигна до вселената

Во 1965 излезе Барби-космонаутка, а сега, благодарение на Меѓународната вселенска станица, куклата отпатува во вселената.

А да пробате да бидете посебични?

Нека ви текне на чувството кога последен пат рековте „не“ на нешто што ич не ви се правело. Не дека треба да си морон што никогаш не помага на никој, ама знаеме точно да наброиме кога со тешко срце сме избрале себичност и сме си го зачувале разумот и раатот заради тоа.

Време е за токсичност и болење уво за сè

Никој не веруваше дека ќе дојде ваков предлог на толку ишкање на сè токсично, ама еве го: доаѓа ерата на „дивите“ девојки. И тоа не диви, како значењето од ’80-ти, демек „нескротливи“, туку буквално диво, од шума извадено, неисчешлано.

Мистеријата за Мерилин Монро на Нетфликс

Кога ќе помислите на Мерилин, кој опис прво ви паѓа на памет? Прекрасна? Талентирана? Sвезда? Не ви текнува на тажна?

Доста беше љубезност

Според School of Life, време е да престанеме да се трудиме да бидеме љубезни цело време.

Не наседнуваат само бумери на Инстаграм-измами

Измами по Инстаграм колку сакаш, а жртви - најмногу од поновиве генерации.

Зумерите не ти седат на работа несреќни

Прагот на толеранција им е многу понизок отколку на претходните генерации.

Жената зад златните фустани на Климт

Слика од Густав Климт се познава од далеку - портретите со златни фустани, инспирирани од Јапонки, еден од нив и инспирација за филмот „Жената во златно“. Денес делата му се продаваат за стотици милиони, особено оние со шарените, скоро психоделични принтови, но прашањето е - постоеле ли стварно? Ако да, кој ги создал?

Што ако паднеш во кома во 4-та средно и се разбудиш денес?

Истражувањето е во вид на нов филм со Ребел Вилсон, Senior Year, или по нашки, „Четврта средно“. Доаѓа на Нетфликс на 13 мај.

Убавината и ранливоста на Мерилин Монро

И осум фотографи што успеале да ја фатат.

Мајката и кумата на современата научна фантастика

Да се раскажува и да се истакнува, додека не сфати светот колку многу работи им должиме на жени

ОнлиФанс никогаш нема да забрани порно

Ова доаѓа откако се зборуваше дека платформата планира да „ублажи“ со содржини.

Ред е да се престане со „работам и нешто на страна“

Она што во свет се вика „side hustle“, или „чепкање“ нешто дополнително, освен основната работа што ја имаш, а почна пред неколку години - не е добро. Идејата дека сѐ може да се постигне, само ако работиш доволно вредно е стара колку и капитализмот, но концептот на пукање по шевови само за да се изнесеш на прав пат е многу 2020-та.

Баталете Тифани, постои алка со дела од Рембрант

Ова може да е туѓ концепт за народ што смета дека Сваровски е врвот, но еве, ова парче накит постои и чини 10.000 евра. За 10.000 евра ќе помисли човек дека треба да е опточено со дијаманти, ама дијаманти има колку сакаш, а Рембрант е само еден.