Трендот е трајно заварување накит на себе

И ние се чудевме, сега ќе видите.

ТикТокери се собираат по продавници за накит и ставаат „вечни бразлетни“ на себе - трајно, со заварување.

Трајниот накит значи да ти измерат ланец и да ти го закачат засекогаш на кожа и во еден салон, Кетбрд во Њујорк имаат околу 80 до 100 души закажани дневно.

Е сега, иако трајни, иако се користи зборот заварување, не значи дека ти се закачуваат и ти ја бодат кожата. Звучи екстремно ама всушност - ти го сечат синџирот по мерка и го заваруваат НЕГО за да нема такво за закопчување. Значи не може да се извади, или да се навлече - останува каде што го ставиле.

Ама ако ти се смачи, едноставно се сече. Не треба операција.

Кога ќе седнеш, заварувачот ти помага да одлучиш дали алката ќе биде лабава, тесна или нешто измеѓу.

Потоа мерат, бираш на која рака сакаш и е готово за околу 5 минути.

Апаратот не те повредува, ама не треба да гледаш директно во него - заварувачот става очила.

Новинарката од Инсајдер што го споделува искуството вели дека е искуство што решила да го помине заедно со мајка ѝ - слично како кога тетовираш нешто заедничко со партнер или член на семејството.

12 јули 2022 - 00:01