Идат генерации со имиња од „Стрејнџер Тингс“

Како што додека траеше „Игра на тронови“, „Арја“ се најде во 1000 најпопуларни имиња во Америка, а за побрзоплетите (во однос на финалето) и „Калиси“, така сега меѓу најпопуларните имиња за нови бебиња се ликовите и актерите од Stranger Things.

За кај нас не се баш применливи, но она што ги спасува Американците од глупирање е што имињата во серијата се од пред неколку децении, па според тоа се - причично нормални. Добро, освен Елевен.

Значи:

  • Џејн
  • Џојс
  • Ненси
  • Робин
  • Ерика
  • ЕЛЕВЕН.
  • Холи
  • Кали
  • Сузи
  • Мајк
  • Дастин
  • Стив
  • Лукас
  • Вил
  • Џонатан
  • Мартин
  • Мари
  • Лони
  • Трој
  • Енцо

од ликовите.

Од актерите:

  • Мили
  • Маја
  • Прија
  • Наталија
  • Винона (ќе имаме уште Винони!)
  • Кара
  • Сејди
  • Линеа
  • Елоди
  • Франческа
  • Гејтен
  • Фин
  • НОа
  • Кејлеб
  • Чарли
  • Пејтон
  • Брет
  • Пол

Не им запира овде опсесијата, па од SheKnows предлагаат идеи за луѓе што сакаат да бидат уште поопскурни и попосветени.

Така, ќе го предложат Хокинс - каде што се одвива дејството, Кејт - како Кејт Буш, Мејџ - како референца од играта Д&Д, па дури и Инди - затоа што гратчето Хокинс е во Индијана.

Има уште: Џорџија (Џорџа) затоа што ТАМУ СЕ СЛУЧУВА СНИМАЊЕТО, па Бени (заради ресторанот со бургери во градот). Рос или Мет (заради креаторите, браќата Дафер), кои да ти биле идентични близнаци, па ако сме сакале сме можеле да го земеме и името Томас затоа што буквално значело - близнак.

Круната на предлозите е во името Џенифер - серијата е сместена во ‘80-те, со почеток на настаните во 1983. Кое е најпопуларно женско име во 1983?

Џенифер.

А, гледавте ли всушност, Stranger Things?

7 јули 2022 - 00:01