Може да ми го исклучите бебето?

Се работи за оние проекти во американско школство, кога на големи деца им даваат кукли-бебиња и треба да бидат одговорни за нив одредено време.

Одлична вежба е, затоа што добиваат некакво чувство за одговорност за нешто што зависи од нив. Само што, по ново, вежбата е премногу реална - наместо вреќите брашно што само требале да не ги истурат пред 20-30 години, сега имаат цели роботски бебиња, чипувани со алка, што кенкаат, плачат, спијат и стануваат.

А чувствата зад пораките што ѝ ги праќаат на наставничката исто така ќе ви се видат познати.

„Нашите ученици имаат час по Растење здрави деца,“ вели наставничката Андреа Лефебр. „Дома носат едно од бебињата Real Care за викенд и тие плачат, сакаат да ги држиш, да им менуваш пелени, а патем снимаат како ги чуваш.“

Понеделникот после тој викенд, сите дошле „некако уморни“.

А пораките што ѝ ги праќаат се врв:

-Може да го ставам бебето во ранец?
-Не.
-Значи да го носам на ладно?
-Да, завиткај го во ќебе.
-ОК.

-Здраво. Да го чекам да направи некој звук, или цело време да го држам?

ОК, нема врска.
-Добро ли е?
-Да, извинете, не морав да ви пишувам.
-Без гајле!
-Океј, фала.

-Добро ли е?
-Да, ама го нишам 20 минути и уште кенка.
-Лол.
-Тоа нормално е?

Нема врска, спие.

-Здраво, стварно ми треба тишина затоа што не престанува да кенка, а сè живо пробав и вака е веќе еден саат.
-Не можеме да додадеме тишина после програмирање. Нека ти помогне некој.
Имаш екстра алка за некој да ти помогне.

-Е па, со Луси малку паднавме по скали. Упс.
-Упс. Умре?
-Колку што знам, не. Само се молам да пушти некој звук.
ОК, добри и лоши вести: Луси дефинитивно не умре.

-Не ми текнува дали оди во тајмаут во 7 сабајле, или 7 навечер?
-Би требало навечер. Може и да спие цел ден. Нема начин да се знае.
-Само што ми пишавте почна да плаче.

-Може да ми го исклучите бебето?
...
Г-це Лефебр, може да го исклучите детето?
-Добро утро. Не можам да го исклучам или да го контролирам бебето. Наместено е за времето што го имаш избрано и програмирано е. Не можам да го контролирам. Ако се умориш или се фрустрираш, побарај некој да ти помогне.
Ако апсолутно не можеш, има копче за итни случаи што ќе му стави комплетно крај на бебето и ќе го прекине процесот.
Ако сакаш ова да го направиш, кажи ми.

-Алките водоотпорни се?
-Да.
-ОК, фала.

-И во недела морам да се грижам за него, или можам да го исклучам во сабота?

Познато?

4 јули 2022 - 10:38