- Една винарија во Шпанија, секој ден остава чаша шери и мала скаличка за глувчињата што живеат во визбите. Туристичките водичи во винаријата (Тио Пепе) раскажуваат легенда за работник кој бил импресиониран кога видел како мало глувче му пие од чашата. Му било жал дека тој може да пие колку сака, а глушецот не може - па му нашол мала чашка само за него.
- Мораш да направиш квиз пред да ти биде дозволено да оставиш коментар на сајтот НРКбета. Сајтот е за вести, а бара од тие што коментираат да покажат базично разбирање за статијата пред да дадат мислење. Целта е да се обесхрабри неинформирано „ради реда“ дрдорење и да се привлечат позитивни и едуцирани дискусии меѓу читателите.
- ДВД-ата Looney Tunes Golden Collection имаат дисклејмер на почеток од Вупи Голдберг. Објаснува дека цртаните се производ на нивното време и содржат расни и етнички стереотипи што не се цензурирани бидејќи „да се извадат би било исто како да одрекуваш дека вакви стереотипи постоеле“.
- Дерил Дејвис, црнец, се дружел со ККК. Над 30 години, се спријателувал со членови на белечки националистички групи и сам инспирирал над 200 души да ја напуштат организацијата. Не се ни обидувал да ги разубеди - само ги третирал со почит, започнувал разговор и им дозволувал да се соочат со сопствените уверувања.
- Во Швајцарија е нелегално да имаш само едно морско прасе или само еден папагал. Двата вида се многу дружељубиви и да се држат изолирани значи да не им се овозможува редовна интеракција и ова се смета за суровост кон животните.
- Полицијата во Велика Британија делела бесплатни лижавчиња пред вратите на ноќните клубови за да се намали нередот откако ќе затворат. Идејата била дека пијани клабери нема така лесно да се дерат или да прават проблеми ако шмукаат лижавчиња. Успеало.
- Кристофер Ли и Питер Кашинг биле најдобри другари во приватен живот и заедно глумеле во 24 филмови. Еднаш ги избркале од кино затоа што многу гласно се смееле гледајќи Луни Тунс.
- На Адријановиот ѕид неодамна е откриен издлабен цртеж од пенис. Понатамошна истрага открила дека ова го направил римски војник пред 1800 години, што докажува дека и покрај човечката еволуција во последните 2000 години, некои работи едноставно не се менуваат.