Трејлер: „Последните филмски ѕвезди“

Итан Хок го режира Џорџ Клуни како Пол Њумен.

Трејлерот за документарецот во шест дела со наслов „Последните филмски ѕвезди“, има саундтрак од Лана Дел Реј, што совршено одговара за серија што ќе ја обработува врската на Пол Њумен и Џоан Вудворд. Хок ја режира приказната, а Оскар Ајзак, Мелани Грифит, Сем Роквел, Били Крудап, Сели Филд, Зои Казан, Карен Ален, Стив Зан и Латања Ричардсон Џексон ќе се појават преку Зум.

„Ова е одамна заборавен проект кој Њумен го нарача од пријателот и сценарист Стјуарт Стерн,“ се вели во објавата за медиуми. „Стерн интервјуираше пријатели, роднини и уметнички соработници како Елија Казан, Сидни Лумет, Карл Малден, Сидни Полак, Гор Видал, Џеклин Вит, Џоан Вудворд и други, за планираниот мемоар по барање на Њумен. Актерите ќе ги читаат транскриптите од овие интервјуа за документарецот.

Звучи крајно интересно, особено откако се потсетивме за што е способен Итан Хок со „Пред изгрејсонце“.

12 јули 2022 - 00:01