Принцот Филип бил совршен за кралицата Елизабета според една од нејзините најблиски помошнички.
Леди Пруденсе Пен, 95-годишна се сеќава кога прв пат го запознала принцот во 1947 година и веднаш била фасцинирана од „физичкото совршенство на овој светлокос младич што така ја надополнуваше убавината на принцезата Елизабета.“
Го опишува покојниот војвода како мил и посветен сопруг. „Многу ми се допаѓаше како ѝ го креваше егото на кралицата кога и кажуваше колку прекрасно изгледа додека одеа во некоја посета,“ вели таа. „Знаеше како да го извади најдоброто од една жена и сигурна сум дека неговите совети и охрабрувања беа важни за нивниот однос.“
„Секоја работа за која ќе се фатеше ја работеше со вештина и ентузијазам,“ вели Пен. „Беше еден од најпрактичните мажи што сум ги запознала, интензивно заинтересиран за толку многу нешта, секогаш љубопитен да дознае повеќе и ако е можно, да направи подобрување.“
Многу сличности имало и меѓу него и сопругот на кралицата Викторија, принцот Алберт. Отсекогаш сакал и тивок погреб, а условите тогаш тоа му го дозволија.
„Беше погреб што се докажа како најсоодветен и најтрогателен настан за паметење,“ вели Пен.