Беше толку сурово, а сепак морбидно логично што ги изгубивме Ив Бабиц и Џоан Дидион во иста недела. Бабиц и Дидион беа две писателки кои, и покрај тоа што покриваа различни теми и имаа различни стилови, секогаш беа поврзани преку фактот што дишеа и се движеа низ истиот воздух во Лос Анџелес. Кога почнаа луѓето со објави за нив, акцентот за двете писателки се ставаше на нив како ликови, како дотерани и убави жени, што ретко се поврзува со писатели општо. Често кога голем писател ќе почине, се фокусираме на неговата работа, неговиот опус, а без разлика што ова важи и за Бабиц и Дидион, пораки се пишуваа и за тоа колку беа неотповикливо шик.
Да се биде шик е концепт што доби нова дефиниција во последно време. Нешто што порано се опишуваше како самата естетика на тоа да се биде сарторијално и стилски среден, сега се придодава и на аурата на една личност, предмет или акција. Небулозно е, неопипливо, невозможно да се дефинира. Начинот на кој Дидион ја држеше цигарата? Шик. Списокот на Бабиц на мувања со славни? Шик. Други нешта што зрачат со шик: Французите, користење на зборот gauche (несофистицирано, некултурно, кич,), My Phantoms од Гвендолин Рајли и мали чинии.
thinking about joan didion’s food storage containers today pic.twitter.com/xBJ0rM3jrE
— dead emerson (@deadxemerson) January 29, 2022
Помешајте го сето ова со покани за секоја забава, и око што може да ја опфати секоја ситуација, дали од центарот на сцената (Бабиц) или со ладен поглед од некоја страна (Дидион) - резултатот е шик писателка. Многу писатели го имаат ставено овој специфичен плашт на шикнес: Џејмс Болдвин, Тама Јановиц, Џуна Барнс, Оскар Вајлд. Во мојот обид да најдам автор што макар и потсетува на овој темплејт во денешно време, ми текнува само на еден: Зејди Смит. А сум сигурна дека ѝ е преку глава да го носи тој товар како еден елегантен, среден Сизиф.
Често забележувам дека дифолт-персона за многу современи писатели е книжарскиот глушец: замотани во ќебиња и волна, скриени од јавни настани, блиски до концептот на приватност и „делото да зборува за себе“. Денешната авторка е тажна, книжевна девојка. Ваква личност едноставно не е шик, но е како збеснат вирус на современата пишувачка сцена. Зошто не можеме да произведеме шик писатели? Каде се тие што одеа по забави и клубови и распуштените? Ќе видиме ли некогаш други како Бабиц и Дидион, или засекогаш ќе живееме под тиранијата на тажната, книжевна девојка?
RIP Eve Babitz, one of the few writers who took glamour and society deadly seriously. pic.twitter.com/6uyJXF1x36
— barry. (@BarryPierce) December 18, 2021
„Мора да се истакне дека дел од причината се и влошените услови на индустријата за младите писатели,“ вели авторката Шон Феј, „помалку социјална мобилност, поголеми трошоци за живот, помалку сигурни приходи достојни за живот со пишување и многу помалку време и можности да се води богат живот додека се пишуваат книги. Дури ако сте објавени, веројатно сè уште се мачите да врзете крај со крај со комерцијално копирајтерство или дневна работа во најдобар случај, едвај имајќи доволно пари за да си дозволите два пати месечно да седнете да пишувате на нечија кујнска маса.“
Вистина е, самата цена на шик живот е нешто со кое повеќето писатели сега би се мачеле. Трошоците за живот се ненормално пораснати. Многу писатели, посебно романописци, можат само да сонуваат за социјалниот живот на Бабиц, или гардеробата на Дидион. Но, самата економија не може да биде единствениот фактор. Можеш „да се мачиш“ и пак да бидеш шик. Всушност, да си шик додека се мачиш е најшик од сè.
„Секогаш се чувам од романтизирање на минатото,“ вели писателката Холи Коноли, „но сепак изгледа пишувањето, а со тоа и писателите порано како да постоеја во тандем со други полиња, како уметност и филм. Тоа како да не е баш толку случај повеќе. Сцените што мислам дека се барем по малку кул во однос на писателите, конкретно за Њујорк, имаат такво меѓусебно опрашување; нели, уметници, актери, писатели, дури и луѓе што работат со храна, сите на една социјална сцена заедно. Мислам дека тоа е навистина важно! Мислам дека писателите треба навистина да се чуваат од зборување исклучиво со други писатели и мислам дека така се добиваат едни интровертни, речиси повлечени фигури.“
Вака порано функционирале културните кругови: нека ви текне на салонската култура што ја терала Гертруд Стајн во Париз во ’20-те, или цели колонии уметници, писатели и музичари што коегзистирале во њујоршки Гринич Вилиџ во ’50-те и ’60-те. Имаше меѓуигра и мешање на светови што во современата култура е изгубено. Писателите сега се расправаат со други писатели на Твитер, ете толку е неверојатно не-шик.
Њујоршката сцена како да е единствена што може да произведе шик писатели. На пример, Марлоу Гранадос, автор на Happy Hour, или Кејтлин Филипс, верификувана партигрл и човек што ги следи стапките на Бабиц и Дидион. За нејзините забави и The Cut известува. Ја прашав Филипс, да видам дали има некакви размислувања за смртта на шик писателката.
„Пуританската жичка на миленијалската култура - особено онлајн во авторската заедница - го уби ‘шик-авторот’ на нашата генерација,“ ми вели таа. „Се сеќавам дека бев дел од книжевниот Бруклин и мислев дека ако се онесвестам пијана на забава, ќе пропадне светот - така можеш да сфатиш дека си на лоша забава и лоша сцена.“
Поетично е што подемот на социјалните мрежи може да доведе до крај на друштвениот писател. Веројатно ако некој ги следел Бабиц и Дидион на секоја забава и ги твитал сите нивни „бељи кон општеството“, не би можеле да ја задржат таа наметка на мистерија што е круцијална за шик.
Со сето ова во игра, се поставува прашањето: ќе биде ли некогаш некој од нас шик? Не знам за вас, но нели е семоќното око на социјалните мрежи, упорната борба за кирија и општото прифаќање на интровертноста како легитимна карактерна особина доволно да се отфрли ќебето, да се испие најевтиниот Совињон Блан што го има и да се лизгаш меѓу пријатели, познаници и љубовници?
Понекогаш мораш ти да бидеш промената што сакаш да ја видиш во светот.
Види и:
Џоан Дидион има нова книга и интервју со најкратки можни одговори