Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Почина легендарната Џоан Дидион

24 декември 2021
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Еминентната новинарка, писателка и антрополог на современата американска култура, почина во својот дом на Менхетен на 87 години од последици на Паркинсон.
  • Единствена женска фигура во „новото новинарство“ во кое доминираа Том Волф, Труман Капоти, Хантер С. Томпсон и Гej Taлиз, таа беше позната по својот дистанциран, понекогаш елегичен тон кога зборуваше за теми како отуѓеност и изолација. Најтрогателни се нејзините книги посветени на починатиот сопруг Џорџ Грегори Дјун (The Year of Magical Thinking), којашто во 2005 влезе во најтесен избор за Пулицер, и „Тажни ноќи“ (Blue Nights) посветена на ќерката Квинтана која почина две години подоцна на 39 години од акутен панкреатитис. 
  • Единствен автор којшто го наведувала како инспирација бил Хемингвеј, а за својот начин на пишување велела дека „граматиката е пијано кое го свири по слух“.
извор

„Скопје филм фестивал“ од 4-9 ноември со богата програма

3 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Новото издание на Скопскиот филмски фестивал (СФФ), што ќе се одржи од 4 до 9 ноември, се враќа по тригодишна пауза со богата програма и македонската премиера на филмот „17“ на Косара Митиќ.
  • Во главната конкурентска програма под насловот „Дијалози“ се осум филмови - „Тинејџерски секс и смрт во кампот Мијазма“, „Спирала“, „Изабел“, „Нема рај ако ти убие жена“, „Отфрлен“, „Чувство на дом“, „Мизерна мајка“ и „Тивки ноќи“. Во рамите на програмата ќе бидат прикажани и филмовите „Фјорд“ и „17“ и „Електричен бакнеж“, кои се надвор од конкуренцијата. Во програма насловена „А1 Кинотека“ со почеток од 13 часот ќе бидат прикажани филмови од богатата српска кинематографија.
  • Затворањето на фестивалот и поголем дел од проекциите ќе се одвиваат во киното „Фросина“ при Младинскиот културен центар. Целосната програма тука, карти достапни на МКТикетс.
извор

„Чајанка“ - изложба на Емилија Сандиќ во „Шума“

2 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Во среда, 4 ноември, со почеток од 19 часот, Концепт кафе Шума ќе биде домаќин на уникатна фотографска изложба насловена „Чајанка“, чија авторка е истакнатата млада визуелна уметница Емилија Сандиќ. Настанот се организира во рамките на активностите на Зрно фестивал, посветен на промоција и истражување на алтернативните фотографски процеси.
  • Серијата фотографии е настаната во процес на истражување на ретката и фасцинантна техника mordançage — алтернативна фотографска постапка во која фотографската емулзија, под дејство на специфични хемикалии, се разградува, се подигнува од хартијата, се разлева и се трансформира – слично како што се подготвува чај. Преку оваа материјална промена, Сандиќ го истражува деликатниот однос помеѓу контролата и случајноста, како и меѓу стабилниот и променливиот слој на фотографијата.
  • Со изборот на мотивот — растенија од кои се подготвува чај — во центарот на фокусот е ставен процесот на инфузија: моментот во кој врелата вода ја покренува трансформацијата, извлекувајќи боја, трага и мирис од сувата материја.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Македонски колбас со ајвар

Разно
2

Се очекува стампедо

Балканштина
3

Како се однесува Богојески кога не е под надзор

Македонски рулет
4

Сигурно го нема запознато во школо

Видео
5

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Балканштина
6

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Канта
7

Од 4-1 до 4-5 за 20-ина минути

Фудбал
8

Биди Кина

Мешано
1

Малиот човек и големото бидè

Bookbox
2

Радио драма, серија и филм за едно исто киднапирање од 1977 - зошто? 

Bookbox
3

Дракула да ти имал скандинавски двојник – многу поопасен од оригиналот

Bookbox
4

„Шок на иднината“: книгата што му помогнала на неодамна починатиот „татко на техното“ да ја замисли иднината

Bookbox
5

Затворена 111 години старата боемска кафана во Атина

Bookbox
6

MЗЛ: религијата што ти дава божествено право да кажеш „не“

Bookbox
7

„Скопје филм фестивал“ од 4-9 ноември со богата програма

8

Во одбрана на дилетантот

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Се очекува стампедо

Разно

Јаки духови, јаки расположенија

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Пријавете ги, масовно!

Божествено откритие во село Челопек

Службенички потпис на денот!

Правила за фудбал кога си копиљ

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy