- „Освежително вино на тераси покрај вода, искапени во сонце; пловење со бротчиња и Стар град заштитен од Унеско - Охридското езеро има сè што би посакале од шик европски одмор за само дел од цената.“ Вака, и со насловот горе, Сара Холт ја почнува својата травел-колумна за Индепендент и ги кани Британците да го откријат Охирд, особено сега кога има директни летови од Манчестер и Гетвик.
- „Sвечкаат чаши, а прибор за јадење гребе по чиниите во едно кафуле покрај тротоар, до езерото. Луѓе пијат Аперол и еспресо и јадат пица, со главите свртени кон водата со паун-зелена боја и ридовите полни со вили што ја опкружуваат. Сцената одговара и за езерото Комо - но јас сум 2000 километри оддалечена од северна Италија, во еден џеб во југозападна Македонија што се вика Охрид.“ Сега ви се оди во Охрид, признајте.
- „Прошетајте низ улиците во центарот и ќе откриете уште едно од богатствата на Охрид: продавниците за накит. Излозите капат од рачно изработен сребрен филигран со дизајни деликатни како миљенца. А потоа - бисерите. Охридски бисер, каков што имаат носено кралицата Елизабета II и принцезата Дајана, и се разликуваат од другите што ќе ги најдете во светот бидејќи се рачно направени.“
- „Пиејќи вино и грицкајќи на сонце во една винарија, повторно добивам чувство дека сум во Италија. Но, таа мисла брзо поминува - затоа што Охрид е многу повеќе од копија на Комо. Охрид е дестинација богата со историја и исполнета со богатства самиот по себе.“
- Авторката Кејт Листер остро ја критикува чантата Биркин на Ермес како еден од најекстремните симболи на раскош и економска нееднаквост. Вели, чантите чинат десетици илјади фунти, а ретките примероци и стотици илјади, а нивната огромна цена не е оправдана со функционалноста, туку со престижот и желбата да се покаже богатство.
- Мета на критика е и културата околу сето тоа, промовирана од славни личности, инфлуенсери и ултрабогати луѓе. Според неа, апсурдот не е само во тоа што една чанта може да чини повеќе од годишната плата на медицинска сестра, туку и во фактот што ваквото расфрлање со богатството се слави како статус и успех, наместо да предизвикува непријатност во време кога многу луѓе живеат во сиромаштија.
- Смета дека Биркин можеби го губи статусот на престижен предмет бидејќи станала премногу присутна во културата на славните и почнала да се смета за кич. Посакува свет во кој луѓето ќе се гордеат со огромни донации каде што се потребни, не со фотографии каде што држат луксузни чанти.
- Авторот Бен Коб, по години поминати во Лондон како уредник и писател, во 2024 година со сопругата се преселил во Котсволдс, иако првично нивната стара куќа од 1605 година требало да биде само викендичка. Реновирањето било многу поскапо и покомплицирано од очекуваното, но тие успеале да го зачуваат карактерот на историскиот дом, со антиквитети, стари ткаенини, тапети и внимателно избрани бои.
- Најголемото изненадување бил новиот живот во малата заедница. Наместо очекуваната изолација и мир, Коб и сопругата стекнале нови пријатели и откриле дека селото има богат социјален живот, со вечери, коктели, отворања на ресторани и дури и повремени забави во штала. Токму преку новите познанства се родила и идејата за негова нова машка модна колекција инспирирана од животот во Котсволдс.
- По две години, Коб вели дека преселбата целосно му го променила животот. Почнал да се занимава со градинарство и пилатес, пронашол чувство на смиреност што долго му недостигало и, парадоксално, почнал уште повеќе да го цени Лондон.