- Формулите за парфеми се чуваат под клуч со години, и не ги сметаат за списоци со состојки, туку за „тајни“.
- Проблем настанува кога за да мирисаш „специфично“ мораш да се фатиш за стар, винтиџ парфем - новите многу често почнуваат да личат еден на друг, затоа што, за жал, индустријата е во својата „ера на копии“.
- „Парфемите се сметаат за непристапна, елитистичка индустрија. Чекор кон отвореност и транспарентност значи чекор кон крајот на ексклузивноста. За да се разбере како функционира еден парфем - од тоа кој го направил, до кои состојки се употребени, не значи да му се одземе магијата туку повеќе да се засака. Се работи за форма на писменост што те внесува подлабоко во приказната и ова нема негативни страни.“
- Фотографот Дерек Ц. Бласберг, денес соработник во Харперс Базар меѓу 2009 и 2012 се шетал со Канон Пауершот и го документирал светот на модата, уметноста и ноќната сцена во Њујорк.
- Книгата се вика Fast + Louche и е колекција на слики што ги правел за колумна со истиот наслов за магазинот Интервју.
- Самата колумна се развива од историјата на Интервју - Ворхол кој го има основано магазинот бил опседнат со дкокументирање на сопствените „излегувања и влегувања“.
- Книгата е сега сведоштво на едно друго комплицирано и слоевито време - далеку поедноставно од ова денес.
- Додека Лорен Безос (сегашната сопруга на Џеф Безос) се мачи да ја прифатат на холивудската и модната естрада, Мекензи Скот (бившата) се заветува дека „има да подарува додека не пресуши“.
- Ако само лани вкупните донации достигнале до 19,2 милијарди долари, скоро една третина - 7 милијарди - е од Мекензи Скот.
- Безос се ожени за неа во 1993, една година пред да го основа Амазон во нивната гаража дома. Имаат три сина и ќерка и се разделија во 2019.
- Скот, која сега има 56 години има донирано над 26 милијарди на над 2700 организации.