Кој сака маска од птичји измет?

За секое ваше „не”, некаде во Јапонија има човек што вика „се разбира дека да”.

Маските за лице направени од фекалии од славеј, богатите Јапонки ги користеле со векови и се една од почудните техники што допрва стигаат на Запад. Можете да одите во салон, а можете да нарачате и од средството дома, па сами да си направите третман.

Со гомна.

Дали славеите какаат магија? Или заеби подмладување ако треба да стоиш во купатило буквално своеволно покакан од пиле?

Јапонската влада има одобрено само две компании за производство на ваквите гомца за разубавување: има фарми каде што на слободни птици им се дава органско семе за јадење. Изметот се стерилизира со УВ зраци за да се отстранат микроорганизми, остатоци од мртви бактерии, габи, егзоскелети од инсекти и така натаму. Се дехидрира и се меле во прав, па се пакува за потрошувачи.

Корејците почнале први со користење на птичји измет (се разбира дека сроден народ ќе почне, Германци да не почнат), за вадење боја од ткаенини. Јапонците ја искористиле идејата за кожа, гледајќи како ефикасно отстранува шминка и кожата ја остава сјајна и чиста. Го користеле кабуки актери, будистички монаси, а често го викаат и „гејша третман”. Наводно чисти акни и намалува пори.

Значи, вреди ли доброволната скатологија?

Ние нема да го провериме, затоа што некој Рик Самадер од Гардијан веќе се нашлапал со „производот” и ни завршил на сите работа.

Во прав е, и можеш да го мешаш со средство за миење лице, или да си направиш маска. Самадер прави маска со гомцата во прав и со вода и прави течност со текстура на тесто за палачинки, што воопшто не мириса на тесто за палачинки. А на декларацијата се тврди дека е „без мирис”.

„Чекам да се исупи маската и размислувам како зборовите ‘осветлување и усовршување на кожата ми се непријатни. Во Индија и други земји, на производот си пишува ‘за ИЗБЕЛУВАЊЕ’, па барем си знаеш што купуваш. Овде, муабетот е ‘прочистување’ или ‘осветлување’.

По некое време се суши и добива бел финиш и уште повеќе мириса на… не палачинки. Фактот што Викторија Бекам е фан на гуано третмани не ми е утеха. Ќе плакнам и ќе видам како изгледа.

Порите навистина ми се помали. Кожата ми е екстремно мат, дури и малку сува. Пецка, како после салицилна киселина, што значи дека се направила и ексфолијација.

Ама сепак, морав да поседам со гомна на лице во купатило.”

Заклучок? Третмани со „славеј”, ако баш сме културни во изразувањето, не дека не се ефикасни, но се непотребни и чудни. Во ред, се чувствуваш егзотично, ама состојките се создаваат во дебело црево на птица.

И синтетизирана уреа ќе заврши работа.

19 ноември 2019 - 12:36