Брзата мода долго време претставува проблем од повеќе аспекти, според некои експерти. Социјалните мрежи ја помагаат, некои брендови се поеднакви од другите, а бидејќи миленијалците се главна движечка сила во моментов, во однос на куповна моќ (иако зумерите не се за потценување), изгледаше дека брзата мода нема намера никаде да оди. Се поставуваше и прашањето дали ќе ја преживее пандемијата, ама килава е работата - еден дел од светот се врти кон одржлива мода, другиот дел се врти кон Примарк.
Оние што гласно се противат на брзата мода, романтично жалат што самиот концепт се базира на нееднаквоста меѓу луѓето. Малку пореалните се бунтуваат што земјите во кои се произведува еден џемпер од H&M немаат абер од подобрување на условите на нивните вработени. А абер немаат, затоа што подобрувањето значи повисоки плати, а - на пример - ако Бангладеш добие повисоки плати, H&M ќе си го однесе бизнисот во Пакистан, што значи дека текстилната индустрија во Бангладеш останува без ништо, што значи тон невработени, незадоволни луѓе, што значи крах.
Ете, затоа е килаво.
Сепак, Форевер21 го падна сопствениот бизнис модел и пропадна, истото се случува и со ТопШоп, ама што значи тоа? Примарк на пример сѐ уште функционира, а и со време се качи на sustainable-возот, иако денес имаме ловци на greenwashing, што ќе кажат дека „одржливо“ не значи и „етичко“.
Жустин Леконт тврди дека брзата мода полека почнува да издишува. За волја на вистината, тврдењето ѝ е две години старо, а големите фаст-фешн брендови сѐ уште нижат приходи, но сепак - можно е - да сведочиме на една бавна промена што може да нѐ однесе во попристоен моден свет, макар и тоа значело дека и „евтините“ ќе се стегнат и ќе станат пофер и потранспарентни за нивните извори.
За тие што мислат дека решението е другиот крај на стапот - пазарење исклучиво скапо и луксузно, освен што живеат во заблуда, има уште еден податок - во Америка банкротираше и Барнис - најлуксузното место за пазарење во Њујорк, каде што се знае дека ако влезеш како млад моден дизајнер - на коњ си.
На долго и широко: