Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

За 5 години, власта напикала нови 32.000 луѓе во администрација

17 февруари 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Учеството на бројот на вработените во јавниот сектор во вкупниот број на вработени во 2016 година беше 23,2 отсто. Во 2021 година тој процент е 25,2 отсто или нови работни места за 32.000 лица, покажуваат бројките на Државниот завод за статистика.
  • Во 2016 биле 167.657 лица а лани буџетари имало 200.075.

  • Да потсетиме дека донесоа одлука во сите јавни претпријатија формирани од државата да се воведе и заменик директор, дека измислија четири заменици на премиерот и дека на Артан Груби му отворија министерство за политички систем (што ли работат тие луѓе, везден штемаат по системот?) со 1.400 вработени кои годишно нè коштаат 9 милиони евра.

извор

На дата-центри ќе се потрошат 31.600 милијарди долари до 2050 година

5 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Глобалните трошоци за центри за податоци би можеле да достигнат 31.600 милијарди долари до 2050 година, за да се задоволи растечкиот апетит во светот за ВИ, проценува ревизорската куќа PricewaterhouseCoopers. Ако развојот на ВИ се забрза, сумата може да достигне 50.000 милијарди долари. 
  • За споредба: БДП на САД е околу 30.000 милијарди долари.
  • САД, со 15.100 милијарди долари, ќе учествуваат со речиси половина од проектираните инвестиции. Следат регионот на Азија и Пацификот со 8.200 милијарди, Европа со 5.600 милијарди, Блискиот Исток со 1.100 милијарди и Африка со 255 милијарди долари, наведува PwC.
  • Изградбата на центрите е еднократна инвестиција, но најголем дел од трошоците ќе биде за надградба и замена на чиповите, серверите, системите за складирање и другиот хардвер.
  • „Железници. Електрификација. Интернет. Сите бараа огромни количини на капитал и дефинираа ера. Циклусот на инфраструктура на ВИ ги надминува сите три, се ресетира на секои четири до шест години и не му се гледа крајот“, се истакнува во извештајот.
  • Прогнозата зависи од тоа колку брзо може да се воспостави сигурно снабдување со електрична енергија за центрите, како и од отпорот на јавноста. Најмалку 75 проекти, во вкупна вредност од околу 130 милијарди долари, беа блокирани или одложени поради спротивставување на локални власти во текот на првите три месеци од оваа година.
извор

Хакери објавија критични податоци за Сенатот на Берлин

5 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Откако истече рокот на ултиматумот, криминалната група Rhysida вчера ги објави на „дарк веб“ личните податоци за вработените во Сенатот на Берлин, украдени во хакерски напад во август.
  • Групата бараше откуп од 30 биткоини, еквивалентно на приближно 2 милиони евра, за да не ги објави податоците, кои опфаќаат лични документи, пресметки за плата, лекарски уверенија, како и информации за кадровски прашања и препораки за вработување.
  • За слободен преглед достапни се и доверливи документи од комисии, анализи на ранливоста на системот за водоснабдување во Берлин, телефонски броеви на вработени во критичната инфраструктура, како и доверливи упатства за цивилна заштита.
  • „Правилно е што не се попушта пред уцени. Но, неприфатливо е тоа што со денови се краделе крајно чувствителни податоци, а единствената реакција е упатство до вработените да ги сменат лозинките. Тоа укажува на беспомошност“, изјави Торстен Шлехајдер од полицискиот синдикат GdP.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Баш се потрудиле околу презентацијата

Македонштина
2

Спојлер: ЦИА, мајка, ЦИА

Разно
3

Техеран до Ѓорче Петров

Разно
4

Пазете го третиот коментар

Балканштина
5

Вашиот WiFi може да ве види

Технологија
6

Една слика, илјада (погрешни) зборови

Македонштина
7

До вчера гостуваа Мбапе, Бензема и Модриќ, а сега е нива запуштена

Фудбал
8

Лична карта и возачка дозвола од октомври и на мобилен телефон

1

Вашиот WiFi може да ве види

Технологија
2

Лична карта и возачка дозвола од октомври и на мобилен телефон

3

Вучиќ за откажувањето на посетата на Марта Кос: Објаснувањето е кратко, ама глупо

4

МАГА 2.0: Ќе ја направиме Африка повторно голема?

Занимливости
5

Заговор како да се запре АфД

Мислења
6

Кој го финансира геноцидот?

7

Трамп ѝ ги „сервира“ Фолкландите на Аргентина

Свет
8

Видоески: Институции строги кон формата, попустливи кон суштината

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Баш се потрудиле околу презентацијата

Македонштина

Една слика, илјада (погрешни) зборови

Балканштина

Пазете го третиот коментар

Разно

Ко то тамо пева точка мк

Македонштина

Богати и славни - специјално издание

Македонштина

Угинато цело јато интерпункција

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

За и против неутралноста

Премиерите кои се разбираат во сè

Реално шоу за сиромашни: „Северна Македонија“

Што е тајната на големите попусти

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy