Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Вучиќ победи во прв круг

4 април 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • На претседателските избори освоив меѓу 59,9 и 60,1 отсто, а кандидатот на здружената опозиција Здравко Понош 17,7 отсто“, рече Вучиќ во јавното обраќање.
  • После Никола Пашиќ, јас сум Србинот што е најдолго на власт“, рече Вучиќ задоволен од тоа што е единствениот што победил двапати во првиот круг.
  • Неговата Српска напредна странка добила околу 44 проценти од гласовите на парлементарните избори што ќе значи 124 или 125 пратенички места. Излезноста на изборите во Србија изнесува 58,79 отсто, најмногу во последните 10 години.

извор

Европските лидери го убедувале Зеленски дека САД ќе ја изиграат Украина

4 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Францускиот претседател Емануел Макрон ги предупредил европските лидери и Володимир Зеленски дека САД „ќе ја предадат“ Украина – ќе ја принудат да ѝ отстапи територии на Русија, без да ѝ дадат јасни безбедносни гаранции, пишува германскиот весник Шпигел, врз основа на транскрипт од конференциски разговор во понеделникот.
  • Мерц му порачал на Зеленски да биде претпазлив, бидејќи „си играат игри и со тебе и со нас“, алудирајќи на американските специјални мировни пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • „Не смееме да ги оставиме Украина и Володимир сами со овие типови“, додал финскиот претседател Александар Стуб. Со тоа се согласил и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
  • Шпигел тврди дека транскриптот е веродостоен и дека говори за огромната недоверба на европските лидери во мировната иницијатива на Доналд Трамп за крај на војната во Украина. На линија, покрај Макрон, Мерц, Руте и Стуб биле и премиерите на Италија, Полска, Данска и Норвешка, како и лидерите на ЕУ - Урсула фон дер Лејен и Антонио Кошта.
  • Конференцискиот телефонски разговор на кој се повикува Шпигел бил во понеделникот, пред Виткоф и Кушнер да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин. По петчасовните разговори во Москва, тие го откажаа брифингот со Зеленски планиран за следниот ден во Брисел.
извор

Ана Чупеска извади неколку добри идеи

4 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Со децении слушаме за борба против корупцијата како да е некоја митска, недостижна дисциплина. Доста беше дијагностицирање на патологијата; време е за терапија на шок. Наместо истрошената реторика, ни треба радикална прагматика, пишува доскорешната потпретседателка на СДСМ.

  • Замислете, наместо перверзијата во која криминалците си го откупуваат конфискуваниот имот преку трети лица (де факто, земајќи кредит од сопствениот криминал), да воведеме механизам на Социјална реупотреба. Тоа е италијанскиот Antimafia Codice преведен на македонски: конфискуваната вила на Водно не се продава на „братучедот“, туку преку ноќ се трансформира во центар за деца со попреченост или засолниште за жртви на насилство. Тоа не е само правда, тоа е симболичка детоксикација на просторот. 

  • Ни треба светлосен удар врз буџетот. По примерот на словенечкиот Supervizor Erar, треба да инсталираме дигитален „Голем Брат“ за државните пари – платформа која во реално време, без филтри и без „административни одложувања“, ќе ја покаже секоја исплата. Сакаме да видиме како парите патуваат од МЕПСО до некоја фантомска фирма за „консултантски услуги“. Кога парите стануваат видливи, корупцијата ја губи својата интимност; таа веќе не може да се крие зад флоскулата „деловна тајна“.

  • Без обвинители-самураи, независни од партиските телефони, кои ќе имаат само една задача, да ловат „големи риби“, нашиот правосуден систем ќе остане само скапа сценографија за евтина претстава.

  • Сето ова мора да биде „армирано“ со целосна дигитализација. Да го елиминираме шалтерскиот феудализам каде малиот службеник глуми Бог барајќи „уште еден документ“. Кога алгоритмот одлучува за лиценцата, нема простор за „честење“, умно пишува проф. др Ана Чупеска, која уште да научи дека не мора да нè дразни со непотребна употреба на Северна.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Перфектен пенал на Елмас, Вања селачката

Фудбал
2

Компилација од дечкото кој ни го средува градот

Разно
3

Приказна од такси

Мешано
4

Спиете ли мирно „Преспанци“: CNN земјава ја вика „Претходно позната како Македонија“

5

Ако странец ве праша, што луѓе сте вие?

Балканштина
6

Men in Black, српска верзија

Балканштина
7

Не е фер, пак нè игнорираат

8

Џабе брзање

Спорт
1

Спиете ли мирно „Преспанци“: CNN земјава ја вика „Претходно позната како Македонија“

2

Не е фер, пак нè игнорираат

3

Ана Чупеска извади неколку добри идеи

4

Рубио верува дека вонземна технологија завршила во приватни раце

5

Украина го разнесе Северен Tек со поддршка од Бајден

Свет
6

Насмевнете се, ве снимаат низ цела Британија

Свет
7

Европската енергетска транзиција ја уништи економијата

Бизнис
8

Телефоните и лаптопите ќе поскапуваат

Технологија
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Men in Black, српска верзија

Разно

Компилација од дечкото кој ни го средува градот

Балканштина

Балканско решавање на проблемите

Балканштина

Господари на времето

Балканштина

Албански денови во Милано

Балканштина

Дуксерот како судбина

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Денот на Жането

Да се смисли наш збор за ова

ФБ статус на денот

Господ тргнал пеш по земја македонска

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy