Актуелната претседателка Илијана Јотова и поранешниот премиер Андреј Ѓуров освоија најмногу гласови во првиот круг од изборите во Бугарија и ќе се соочат во вториот круг по една недела.
Излезноста на гласачите во првиот круг била едвај над 22%, најниска од кои било избори по соборувањето на комунистичкиот режим. Досега во ниту еден прв круг не паднала под 40%.
Јотова добила 34,7% од гласовите, а Ѓуров 32%. За победа во првиот круг им беа потребни 50% од гласовите, при одѕив од 50%. Во вториот круг нема праг за излезност, а победник е тој што ќе освои повеќе гласови.
Јотова стана претседателка во јануари откако Румен Радев поднесе оставка за да настапи на парламентарните избори.
Функцијата претседател е главно церемонијална, но вклучува овластувања за командување со вооружените сили, ставање вето на закони и именување преодни влади за време на политички кризи.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.