Луиз Инасио Лула да Силва го освои и четвртиот претседателски мандат во Бразил по драматичен пресврт помеѓу двата круга од изборите. Со тесна разлика од 51,7% наспроти 48,2% од гласовите го победи Флавио Болсонаро – синот на затворениот поранешен претседател Жаир Болсонаро.
Во првиот круг Флавио Болсонаро победи со разлика од 2% и предизборните анкети укажуваа дека ќе ја задржи предноста. Откако Бразил ја отфрли диктатурата, ниту еден кандидат кој губел во првиот изборен круг не станал претседател.
Болсонаро не го призна поразот поради одлуката на Врховниот суд на денот на изборите да го продолжи гласањето за два часа, наводно поради проблеми со јавниот превоз во неколку сојузни држави. Одлуката ја донел судија во Врховниот суд кој порано му бил личен адвокат на Лула.
Левичарот Лула во кампањата ветуваше отпишување долгови, бесплатен јавен превоз за време на викендите и финансиска помош за студенти од сиромашни семејства. Противниците го обвинија дека купува гласови, бидејќи ветените мерки финансиски ќе го осакатат Бразил.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.