- Само неколку часа по одлуката на Врховниот суд на САД да ги поништи повеќето од глобалните царини воведени од администрацијата на Трамп, тој потпиша нова уредба за глобална царина од 10% како замена за мерките што судот ги прогласи за неуставни.
- Судиите оценија дека претседателот ги пречекорил своите овластувања кога минатата година воведе широки увозни давачки за стоки од речиси целиот свет а нивната одлука беше поздравена и од демократските и од републиканските поборници на слободната трговија.
- Трамп ја нарече пресудата „ужасна“ и „длабоко разочарувачка“, а за дел од судиите рече дека се будали и непатриоти. Најави дека враќањето на веќе земените пари нема да биде едноставно и очекува правната битка да трае со години.
- Трговски синџири во Шведска, Белгија и Луксембург ќе мораат да фрлат тони замрзната храна откако хакери упаднале во нивните компјутерски системи и ја кренале температурата во фрижидерите на плус 50 Целзиусови степени.
- Менаџер на супермаркет во Стокхолм изјави дека нападот бил извршен во 2 часот по полноќ, а бил забележан во 5.30 часот.
- Надлежните служби не посочија виновник за нападот. Не се јави група да преземе одговорност.
- Сличен напад во октомври беше извршен врз близу 350 супермаркети во Франција. Освен што ја уништиле храната, некои фрижидери и се запалиле.
- Пентагон неодамна објави дека како можен хакерски напад ја третира серијата мистериозни дефекти на замрзнувачите во воени бази во САД во текот на август.
- Цените на природниот гас во Европа во средата се искачија на највисокото ниво од 2022 година, надминувајќи 100 евра за мегават-час.
- Скокот на цените на гасот е одраз на загриженоста дека Трамп би можел да започне нов бран напади врз Иран по изборите следната недела, што носи ризик од одмазда од страна на Техеран насочена кон енергетската инфраструктура во Заливот.
- Сегашните цени сепак се далеку под историскиот рекорд од енергетската криза во 2022 година кога во март достигнаа 345 евра за мегават-час.