- Репортажа од август 2001 од наградуваниот канадски новинар и автор Скот Тејлор кој лично и недвосмислено потврдува дека Вашингтон ги има вооружено терористите во Македонија.
- Македонските власти дигнале дипломатска тензија заради два американски хеликоптери кои испорачувале нешто во албански села на ридовите над Тетово.
- Официјално Американците носеле само хуманитарна помош, но на тоа му противречи изјава на локален командант на УЧК кој се пофалил дека добиле тешко вооружување и муниција.
- Како потврда на тоа, Тетово наредните денови почнува да се напаѓа со 120мм и 82мм гранати.
- Хрватска до другите земји членки на ЕУ доставила документ за својата позиција околу отворените прашања со Црна Гора и ги наведува условите што Подгорица мора да ги исполни пред да стане членка на европскиот блок.
- Загреб некои од овие барања директно ги поврзува со затворањето на преговарачките поглавја 23 (Правосудство и основни права) и 31 (Надворешна, безбедносна и одбранбена политика).
- Меѓу конкретните услови има и такви како што е промена на името на градскиот базен во Котор и враќање на школскиот брод Јадран.
- Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии, кои ги запре пред неколку дена откако тоа го побара Трамп.
- Претседателот Зеленски истакна дека Русија воопшто не го почитувала „енергетското примирје“ што го прогласи Трамп - двете страни да ги прекинат нападите врз енергетски цели, за да се смири глобалната криза со цената на дизелот.
- Трамп не само што не ги осуди руските напади, туку и ги разлабави санкциите за Москва и ѝ дозволи да продава дизел.
- Зеленски изрази разочарување поради тоа што САД не ја предупредиле Украина за руските напади со балистички проектили на 12 и 13 октомври, а во вторникот ненајавено ја ограничија и поддршката од сателитскиот систем Starlink за украински воени дронови.
- „Готово е. Блокадата за напади врз рафинерии е завршена“, изјави Зеленски во интервју за Фајненшл тајмс.
- Претходно, гостувајќи кај Пирс Морган, Зеленски оцени дека „Украина губи силен партнер“.