- Владеачкото мнозинство го одби предлог законот за амнестија на лицата осудени за 27-ми април (оние кои во Собранието ги пушти Крсто Мукоски).
- „Повторно политиката немаше слух за обичниот народ како ни желба за исправање на историска неправда сторена со претходниот закон за амнестија и со пресудата на Основен Кривичен Суд потврдена со пресудата на Апелација“, велат адвокатите кои го поднесоа предлог законот.
- Откажување нема! На ред е Врховен, во резерва стои Стразбур а и по 90 дена на кондиција ке ги фатиме,” порачуваат тие.
- Државниот секретар Марко Рубио ги отфрли шпекулациите дека размислува да ја напушти администрацијата на Трамп, со цел да ги задржи шансите за сопствена кандидатура за претседател во 2028 година.
- Според извори на Блумберг, Рубио веќе разговарал со претставници во Белата куќа и бил замолен да остане.
- „Отсекогаш ми беше план да работам за Трамп до крајот на неговиот мандат. Ја сакам работата“, изјави Рубио во интервју за „Њујорк тајмс“.
- Белата куќа и Стејт департментот синоќа го отфрлија извештајот на Блумберг како „лажна вест“.
- Рубио упорно одбива да одговори на прашањата дали планира да се кандидира за претседател на изборите во 2028 година. Неколку пати досега јавно го поддржа потпретседателот Џ.Д. Венс: „Тој би бил најдобриот кандидат“.
- Два месеци пред да му заврши мандатот, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом ги преиначи сите 548 смртни казни во сојузната држава во доживотна робија без право на условен отпуст.
- Одлуката е симболична, затоа што Њусом на почетокот на својот мандат во 2019 година воведе мораториум на извршување на смртни казни.
- Калифорнија нема извршено смртна казна веќе 20 години, иако судовите продолжуваат да ја изрекуваат оваа казна за лица осудени за убиство и други тешки кривични дела.
- На два референдуми, во 2012 и во 2016 година, жителите на Калифорнија со тесно мнозинство ги отфрлија предлозите за укинување на смртната казна.
- Околу 2.100 затвореници во САД се соочуваат со погубување. Ако Уставниот суд на Калифорнија ја потврди одлуката на гувернерот, нивниот број ќе биде намален за една четвртина.