Вести › Набрзинка
Русјаков: Светот, галаксијата и црните дупки низ вселената
- ВМРО-ДПМНЕ победувајќи ја изгуби цела Македонија, СДСМ го освои Зрновце, а Левица растури во Њујорк.
-
Апелирам итно да се врати ѓубрето на улиците, ем затоа што им е потребно на стаорците, кои никогаш не ги видовме, ама беа распостелени насекаде по медиумите и мрежите, ем затоа што тоа им припаѓа и со него смеат да се справуваат само надлежните, оние урбаните, најпаметните, освестените, бањатите, политички (над)независните, кои живеат на социјалните мрежи и оттаму неподносливо му досаѓаат на светот, галаксијата и црните дупки низ вселената.
-
Оти ако им го земеме ѓубрето, она духовното, нордистанско, кое самите го ѓубреа низ земјава помагајќи им на орачите и сејачите од „меѓународната“, но и она материјалното, расфрлано по улиците, со што ќе си ги полнат речениците, арогантната недуховитост и гневот од фрустрациите од фактот дека само они знаат како треба и што е паметно, ама глуп народ, никако да им се допре до генијалноста.
Бугарија ќе ја „администрира“ рафинеријата на Лукоил
- Бугарското Национално собрание по итна постапка усвои закон што на државата ѝ овозможува да преземе директна контрола врз рафинеријата на руската компанија Лукоил во Бургас.
- Цел на Законот е да се обезбеди работење на најголемата рафинерија на Балканот откако Лукоил поради санкции од САД беше принуден да го продаде својот имот во странство.
- Владата ќе назначи специјален администратор, кој ќе управува со компанијата ако се оцени дека постои ризик по националната или енергетската безбедност на земјата. Бугарската влада тврди дека ова не е национализација, туку „заштитна мерка што ќе се активира само ако работењето на рафинеријата биде загрозено“.
- Администраторот ќе има право да гласа во името на акционерите, да управува со средствата и, ако е потребно, да предложи продажба или преструктурирање на делови од компанијата.
- Рафинеријата во Бургас обезбедува најголем дел од горивата за бугарскиот пазар и овозможува извоз во соседните земји.