- Медиуми објавија дека на последната електронска лицитација за зградата на Еуростанард, за најдобра била избрана понуда од 5,37 милиони евра.
- Предмет на лицитацијата е објект со вкупна квадратура од 3,500 м2 со можност на доизградба на нови 800 м2 во самиот епицентар на Скопје.
- „Зградата на бившата Еуростандард банка по ниту еден параметар не смее да биде подолу од 12 милиони евра!“, тврди Трифун Костовски.
- „Го крчмите мојот имот без око да ви трепне“ го предупредува тој стечајниот управител Саздовски и одборот на доверители и им порачува: „Мојата војна против организаторите на овој криминоген чин ќе оди до крај.“
- Лидерот на австриската десничарска опозиција ги повика ЕУ и Австрија да ги депортираат сите нелегални мигранти во Украина кога ќе заврши војната со Русија.
- Би ги испратиле и Сиријците и Авганистанците, не само украинските бегалци кои беа згрижени низ Европа.
- Херберт Кикл истакнува дека на овој начин Киев би им се оддолжил на европските земји за обемната финансиска поддршка што ја добиваа од нив.
- „ЕУ и Австрија вложија стотици милијарди во Украина. Ако оружјето таму стивне, крајно време е да се бара нешто за возврат“, изјави лидерот на Партијата на слободата.
- Тој тврди дека Киев би имал полза од оваа шема, бидејќи Украина е соочена со демографска криза, а мигрантите би можеле да помогнат во повоената обнова на земјата.
- Непознати хакери ја пробиле главната платформа Cloud One на американските Воздухопловни сили и загрозиле огромен број чувствителни тактички, логистички и персонални податоци.
- Нападот откриен во октомври при надградба на системот. Не е познато дали се украдени податоци.
- Инсталиран во 2017 година, Cloud One служи како едношалтерски центар за ИТ потребите на воздухопловните сили. Во него се комбинирани ресурси на четири оператори - Microsoft, Amazon, Oracle и Alphabet - за поддршка на апликации што управуваат со податоци за персоналот, логистиката и одржувањето.
- Меѓу нив се и системот што прима податоци од радари за противвоздушна одбрана на територијата на цела Северна Америка и системот кој ја следи состојбата на муницијата низ повеќе од 200 локации на воздухопловните сили на САД низ целиот свет.
- Во изминатиот месец беа откриени најмалку шест кибернетски напади и хакерски упади во ФБИ, Пентагон, НСА и министерствата за внатрешна безбедност и за финансии.