Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Судот во Лерин ги отфрли тужбите против македонскиот центар

19 март 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Судот во Лерин ги одби сите тужби против Центарот за македонски јазик регистриран лани во Лерин. Барањата за укинување на регистрацијата на овој центар беа поднесени од неколку ултранационалистички грчки движења, грчки здруженија од Австралија и Канада и од Златна зора.

  • „Ова е пријатно изненадување од грчкиот правосуден систем. Сега се надеваме дека ќе отвориме повеќе вакви училишта за македонски јазик и конечно македонскиот јазик да стане дел од образовниот систем во Егејска Македонија и новите генерации да го учат македонскиот јазик. Му благодариме на грчкиот судски систем за оваа правична одлука“, коментираат Македонците од Грција по социјалните мрежи.

  • Центарот за македонски јазик во Грција бепе регистриран лани и има за цел заштита и промоција на македонскиот јазик во Грција. Центарот одржуваше бесплатни онлајн курсеви по македонски јазик за почетници.

извор

Доживотен затвор за четирикратниот убиец кој се праваше удрен

9 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Основниот суд во Куманово му изрече казна доживотен затвор на 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, прогласен за виновен за четири убиства и два обида за убиство на жени.
  • Осуден е за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска. Кривичните дела ги извршил од јануари 2025 до февруари 2026 година, а жртви барал меѓу повозрасни и немоќни жени кои живееле сами.
  • „Обвинетиот сериски убиец зјапаше во таван, неговиот адвокат дигна раце“, известивме за време на судењето.

извор

Рускиот блогер Рибар уапсен во Црна Гора

9 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Најпознатиот руски воен блогер Михаил Звинчук е приведен во Црна Гора под обвинување за ширење пропаганда и дезинформации од Кремљ.
  • Неговиот канал „Рибар“ има 1,5 милиони следбеници на платформата Телеграм.
  • Премиерот Милојко Спајиќ изјави дека службите за безбедност реагирале на информациите дека основачот на влијателниот канал може да ја дестабилизира Црна Гора преку кампања на дезинформации.
  • Заедно со Звинчук биле приведени и неговата сопруга и уште три лица. Им биле запленети софистицирана дигитална опрема, дронови, електронски уреди и телефони.
  • Имале намера да снимат документарен материјал за најавеното усогласување на визната политика на Црна Гора со стандардите на Европската Унија.
  • „Попусто нашите луѓе талкаат низ европските земји – дури и со добри намери и важни цели. Всушност, објавен е лов на сите Руси... Не помагаат ниту визи, ниту покани, ниту какви било други гаранции. Секој може да биде уапсен...“, реагира поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев и предупредува: „Сега, по сè изгледа, ќе мораме да го надополниме нашиот фонд за размена со европски и американски идиоти за да си ги вратиме нашите луѓе“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Аплаузи за Пица Шеф

Разно
2

Еволуција на еден разговор

Балканштина
3

Отиде легендата

Музика
4

Како изгледаше „скролање“ во 1989 година

Медиуми
5

Деманти се за наивни

Балканштина
6

Па да остават ли децата да се коцкаат?

Македонштина
7

И да го спасат, нема да се спаси

Возила
8

Ненормален гол во Виетнам, коментаторот грло одра

Фудбал
1

Доживотен затвор за четирикратниот убиец кој се праваше удрен

2

Европската автомобилска индустрија сама си ја копа дупката

Технологија
3

Бесплатни верзии на Фотошоп и друго од Adobe

4

Оделото го откри Трамп колку му е Америка на прво место

Разно
5

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Занимливости
6

Рускиот блогер Рибар уапсен во Црна Гора

7

Се претерува со дијагнозите за АДХД заради бенефиции

Здравје
8

Јапонија нејќе шуто и рогато од странство

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Како изгледаше „скролање“ во 1989 година

Македонштина

Па да остават ли децата да се коцкаат?

Балканштина

Деманти се за наивни

Балканштина

Еволуција на еден разговор

Балканштина

Женска лојалност

Македонштина

„Само една пијачка“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Нека, добро е и вака

Паоло Коељо на нашата младост

Го направија Трамп па сега Цацко им е крив

На исток ништо ново

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy