- Министрите и пратениците од израелската владејачка партија Ликуд побараа од премиерот Бенјамин Нетанјаху да прогласи анексија на палестинската територија Западен Брег пред да се распушти Кнесетот на крајот на овој месец.
- „Ние, министрите и членовите на Ликуд од Кнесетот, бараме итно да се наметне израелски суверенитет и законодавство во Јудеја и Самарија“, пишува во петицијата, во која се користат библиските називи за територијата окупирана од Израел во војната во 1967 година.
- Израел го контролира поголемиот дел од Западниот Брег и со нови доселенички населби ја проширува окупираната територија. По 1967 година изградил 160 населби за околу 700.000 еврејски доселеници, додека 2,7 милиони Палестинци се концентрирани во урбаните центри на Западниот Брег.
- Министрите од Ликуд тврдат дека терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година покажал дека концептот на блокови од доселенички населби заедно со прогласувањето на Палестина како држава претставува егзистенцијална закана за Израел.
- „Мора да се отстрани егзистенцијалната закана од внатре и да се спречи нов масакр во срцето на земјата“, наведуваат министрите и пратениците од Ликуд.
- Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и официјално повеќе не постои. Претседателот Доналд Трамп постепено ја укина поради непотребни и штетни трошоци.
- До март беа укинати повеќе од 80% од програмите на агенцијата. Остатокот, кој опфаќа околу 1.000 програми, денеска беше формално префрлен врз Стејт департментот.
- Поранешните претседатели Барак Обама и Џорџ Буш ја критикуваат одлуката за затворање на најголемата светска програма за меѓународна помош. Истражување објавено во медицинскиот журнал Lancet укажува дека кратењето на помошта може да предизвика 14 милиони предвремени смртни случаи до 2030 година.
- Стејт департментот возвраќа дека тоа се неточни претпоставки и инсистира дека САД ќе продолжи да администрира меѓународна помош на поефикасен начин.
- УСАИД беше основана е во 1961 година и маше околу 10.000 вработени, од кои две третини во мисиите низ светот. И претходно, а особено откако Трамп се врати во Белата куќа, беше поврзувана со низа скандали и со сомнителни финансирања.