Таман Турција и Шведска истуркаа нешто налик некакво разбирање, во Шведска пред турската амбасада беше запален Куран, а во Турција се протестираше против Шведска и беше запалено шведското знаме.
По ваквото експлозивно пакетче, Ердоган во понеделникот објави дека Шведска не треба да се надева дека ќе добие поддршка од Турција за членство во НАТО.
„Јасно е дека оние што предизвикаа таков срам пред амбасадата на нашата држава повеќе не можат да очекуваат каква било благонаклоност од нас во врска со нивната апликација,“ порачал Ердоган.
Организацијата на саботниот протест пред турската амбасада била одобрена од шведските власти, но не и чинот на палење на книгата.
„Би сакал нашето искуство некому да му помогне да најдат пократок и подобар пат“, им порачува Никола Димитров на надлежните во Загреб и Подгорица кои се најдоа во клинч околу пристапувањето на Црна Гора во ЕУ.
„Знам колку е тешко да се постигне компромис што задира во најчувствителните прашања, а потоа и тој да се брани пред сопствените граѓани. Во истиот град – понекогаш дури и во истиот ден – за едни сте човекот што направил чудо (еве уште не можеме да се изначудиме -н.з.) зачувувајќи го она што е најважно – македонскиот идентитет – додека за други сте некој што отишол предалеку“.
Потписникот на Преспански успева да забележи дека откако ветувањата за во ЕУ се изјаловија, „луѓето почнуваат да се прашуваат дали направиле грешка што верувале во договорот“.
Бездомник од турскиот град Аланија пред суд признал дека намерно го навредил претседателот Реџеп Таип Ердоган, со цел да биде приведен и да добие храна и кревет во затвор.
„Немам каде да престојувам, спијам по депонии“, изјавил 66-годишниот маж на првото појавување пред суд. Признал и дека претходно три пати намерно го навредувал Ердоган, но не го задржале во притвор.
Според Членот 299 од Кривичниот законик на Турција, за навредување на претседателот е предвидена казна од една до четири години затвор.
Иако овој член постои со децении, неговата примена значително се зголеми откако Турција во 2018 година премина кон претседателски систем.
Во периодот од 2016 до крајот на 2025 година, обвинителите отвориле речиси 83.000 предмети за делата навредување на претседателот, знамето и државните симболи, турската нација и државните институции.