-
Сите бомбардери на американското воено воздухопловство стационирани во Обединетото Кралство се вратени во нивните матични бази во САД.
-
На ваков чекор му претходеше откривање на наводен терористички заговор за кој американските власти претпоставуваат дека може да е поврзан со Иран.
-
Дузина Б-1 бомбардери се меѓу повлечените воздухоплови од базата на РАФ, Ферфорд, во Глочестер.
-
Оваа база е единствената воена база на територијата на Европа која е соодветна за стационирање тешки бомбардери.
-
Минатата недела, во близина на оваа база беше откриен камион со сомнително големо количество бензин.