- На самит за идни инвестиции во Мајами, организиран од Саудиска Арабија, Доналд Трамп го нарече Хормускиот теснец - „Теснецот на Трамп“.
- „Мора да го отворат. Мора да го отворат Теснецот на Трамп. Извинете. Многу ми е жал. Ужасна грешка. Фејк њуз медиумите сега ќе кажат дека сум направил лапсуз. Нема лапсузи кај мене. Не премногу“, рекол Трамп.
- Во меѓувреме, на претходно доставената листа барања (види: Контра услови на Иран за крај на војната), Техеран додаде уште едно: признавање на целосен ирански суверенитет врз Хормускиот теснец, премин кој се покажа како најсилниот адут на Иран досега бидејќи низ него минува една петтина од светскиот проток на нафта и природен гас.
- Во мало француско гратче утре се одржуваат не баш историски избори кои сепак добија глобален публицитет.
- Во трката за градоначалник на Арсис-сур-Об за реизбор за бори Хитлер а противкандидат му е Зјелински.
- Шарл Хитлер е навикнат на мајтап со неговото презиме и цртање мустаќи на постерите но малку му е незгодно кога ќе прочита дека 37% од неговото место се Хитлеровци.
- Францускиот Хитлер е центрист додека оној спроти него, 28 годишниот Антоан Рено Зјелински е од крајно-десничарскиот патриотски блок.
- Хитлер објаснува дека му е криво што вниманието е свртено само околу презимињата на кандидатите а не нивните политики.
- Самото место во кое живеат само 2.785 жители името го добило по едно место близу Одеса во Украина, каде во 1814 се одвивала една од битките на Наполеон.