- Њујорк тајмс објавува статистика од американски функционери според кои во овие 18 месеци војна загинати и повредени се речиси 500.000 руски и украински војници. (Самите функционери признаваат дека е тешко бројките точно да се утврдат бидејќи Русија не е искрена со статистиките, а Киев никогаш не ги ни објавува.)
- Според нив, од овие 500.000, околу 300.000 се руски и тоа 120.000 загинати и 180.000 ранети. На украинска страна, жртвите се 70.000 загинати и 120.000 ранети.
- Разликата меѓу двете страни е и во тоа што Русите имаат поголема популација од Украина, па и на фронтот имаат повеќе војници, а и во резерва. Украина има вкупно 500.000 (активни, резерва, паравојска), додека Русија брои 1,33 милиони.
- Лидерот на австриската десничарска опозиција ги повика ЕУ и Австрија да ги депортираат сите нелегални мигранти во Украина кога ќе заврши војната со Русија.
- Би ги испратиле и Сиријците и Авганистанците, не само украинските бегалци кои беа згрижени низ Европа.
- Херберт Кикл истакнува дека на овој начин Киев би им се оддолжил на европските земји за обемната финансиска поддршка што ја добиваа од нив.
- „ЕУ и Австрија вложија стотици милијарди во Украина. Ако оружјето таму стивне, крајно време е да се бара нешто за возврат“, изјави лидерот на Партијата на слободата.
- Тој тврди дека Киев би имал полза од оваа шема, бидејќи Украина е соочена со демографска криза, а мигрантите би можеле да помогнат во повоената обнова на земјата.
- Непознати хакери ја пробиле главната платформа Cloud One на американските Воздухопловни сили и загрозиле огромен број чувствителни тактички, логистички и персонални податоци.
- Нападот откриен во октомври при надградба на системот. Не е познато дали се украдени податоци.
- Инсталиран во 2017 година, Cloud One служи како едношалтерски центар за ИТ потребите на воздухопловните сили. Во него се комбинирани ресурси на четири оператори - Microsoft, Amazon, Oracle и Alphabet - за поддршка на апликации што управуваат со податоци за персоналот, логистиката и одржувањето.
- Меѓу нив се и системот што прима податоци од радари за противвоздушна одбрана на територијата на цела Северна Америка и системот кој ја следи состојбата на муницијата низ повеќе од 200 локации на воздухопловните сили на САД низ целиот свет.
- Во изминатиот месец беа откриени најмалку шест кибернетски напади и хакерски упади во ФБИ, Пентагон, НСА и министерствата за внатрешна безбедност и за финансии.