Вести › Набрзинка
Почина Стојан Андов
- Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на Македонија, поранешен пратеник и основач на Либералната партија, почина на 89 години.
-
Од 1970-тите бил на високи функции во Сојузот на комунистите на Македонија и во Собранието на Македонија, од 1971 до 1982 во три мандати бил член на Сојузниот извршен комитет во Белград и бил член на разни економски комисии и комитети, меѓу кои и за соработка со Европската економска заедница и земјите на ЕФТА. Од 1987 до 1991 Андов беше југословенски амбасадор во Ирак.
-
Во три мандати беше претседател на Собранието а на изборите во 1999 година и кандидат на ЛДП за претседател на Република Македонија, но не влезе во втор круг.
Како се дојде До Преспански: „Кога ќе дојде време, сѐ ќе кажам“
- Шест години по потпишувањето на Преспанскиот договор, ретко некој од актерите на она што се случуваше по 17 јуни 2018 година денес е спремен отворено да зборува. Кога минатиот месец на еден од брифинзите во Брисел со одговорните лица на ЕУ за досието Македонија го поставив прашањето што ќе се случи ако се докаже дека усвојувањето на уставните измени по Преспанскиот договор било резултат на криминал и корупција, единствениот одговор беше – Собранието ќе мора повторно да одлучува за името Северна Македонија.
- Дека не се работело само за убедување поединци каква светла иднина ја чека Македонија откако ќе се прекрсти во Северна отворено призна и еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, кој беше дел од таа валкана игра на доаѓање до бројката 81 „за“ промена на Уставот на Република Македонија.
- „Осумтемина од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа тогаш кога требаше да се отвора Уставот имаа прилично долг состанок во хотел Мериот со американскиот амбасадор. Прилично долг, неколку часа, во кои тој ги убедуваше, не им се закануваше, зошто тоа би требало да го направат. Сега тоа не може да се замисли да се случува“, откри Стево Пендаровски.
-
Тоа време одамна дојде и пројде. Се смени и власта, а исто како да не се сменила во однос на Преспанскиот договор и националното достоинство. И покрај бедните обиди да се претстави како триумф, Договорот нѐ закова на дното на пониженоста, а за што? Од влегување во ЕУ никогаш не сме биле подалеку – ниту ние сме спремни, ниту некој во ЕУ нѐ сака. Останува само горчината дека нѐ продадоа за беспари, пишува Сашо Дамовски во МКД.мк.