Вести › Набрзинка
Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина
-
Премиерот Кир Стармер го обелодени признавањето на палестинската држава од страна на Велика Британија, што се смета за голема промена во надворешната политика на Велика Британија.
-
Непосредно пред тоа и Канада и Австралија одлучија да ја признаат Палестина како суверена држава.
-
Одлуката на Велика Британија носи специфична тежина бидејќи таа одигра голема улога во создавањето на Израел како модерна нација по Втората светска војна и долго време е нејзин сојузник.
-
Одлуката може да значи дека палестинската мисија во Лондон се надградува во статус на амбасада а може да резултира и со забрана на производи што доаѓаат од израелски населби на окупираните палестински територии.
-
Израел порача дека признавањето на Палестина е награда за Хамас.
-
Прибирање на вработените кои поскапеа
- Во пресрет на новите ограничувања и такси за работните визи во САД што стапија на сила викендов (види овде), многу работодавци ги советуваа своите вработени во странство веднаш да се вратат во САД.
-
По потпишувањето на указот со кој визите за високостручни и високообучени лица поскапуваат од 1.000 на 100.000 долари, не беа јасни детали како ова ќе се спроведува и за кого сè ќе важи уредбата.
-
Подоцна и надлежните институции и Белата куќа објаснија дека новите цени важат само за оние кои допрва ќе аплицираат за вакви визи. Но, тоа не им беше јасно на американските компании кои имаат ангажирано вакви лица па ги советуваа:
- ако се во САД, да не ја напуштаат земјата (бидејќи не се знае колку скап ќе биде влезот).
- ако не се во САД, веднаш да направат патни аранжмани и да слетаат во Америка пред указот на Трамп да стапи на сила.
- The Verge ги објавува протечените пораки од Амазон, Гугл и Микрософт.