- „
Северна Македонија е вистински пример за соживот меѓу Албанците и православните“, вели високиот амeрикански функционер задолжен за југоисточна Европа.
- Едно брзо „ctrl+f“ во долгото интервју покажува дека Пабло Ескобар успева никаде да не спомне дека постојат Македонци (англ: Macedonians).
- Сега ургентно претстои работа околу договорите за уставни измени кои ги имаме прифатено, вели тој.
- Во интервјуто за дописник од Белата куќа, Ескобар ќе ве потсети дека Русија има малигно влијание во регионот.
- Државниот секретар Марко Рубио ги отфрли шпекулациите дека размислува да ја напушти администрацијата на Трамп, со цел да ги задржи шансите за сопствена кандидатура за претседател во 2028 година.
- Според извори на Блумберг, Рубио веќе разговарал со претставници во Белата куќа и бил замолен да остане.
- „Отсекогаш ми беше план да работам за Трамп до крајот на неговиот мандат. Ја сакам работата“, изјави Рубио во интервју за „Њујорк тајмс“.
- Белата куќа и Стејт департментот синоќа го отфрлија извештајот на Блумберг како „лажна вест“.
- Рубио упорно одбива да одговори на прашањата дали планира да се кандидира за претседател на изборите во 2028 година. Неколку пати досега јавно го поддржа потпретседателот Џ.Д. Венс: „Тој би бил најдобриот кандидат“.