- „Тоа прашајте си во МНР“, беше одговорот на членовите на македонскиот тим од Заедничката експертска комисија на Македонија и Бугарија на прашањето на новинарите за, според Протоколот, обврската преземена за некој урнек на лекција за цар Самоил и за промени во учебникот по географија во 7. одделение.
- Mакедонските членови на Комисијата тврдат дека тие за тоа воопшто не разговарале со своите бугарски колеги.
- Со потпишувањето на Протоколот Османи всушност се согласил дека описот на историските факти за Букурешкиот договор за поделбата на македонската територија меѓу Србија, Грција, Албанија и Бугарија е со етнички и територијални претензии.
- Бездомник од турскиот град Аланија пред суд признал дека намерно го навредил претседателот Реџеп Таип Ердоган, со цел да биде приведен и да добие храна и кревет во затвор.
- „Немам каде да престојувам, спијам по депонии“, изјавил 66-годишниот маж на првото појавување пред суд. Признал и дека претходно три пати намерно го навредувал Ердоган, но не го задржале во притвор.
- Според Членот 299 од Кривичниот законик на Турција, за навредување на претседателот е предвидена казна од една до четири години затвор.
- Иако овој член постои со децении, неговата примена значително се зголеми откако Турција во 2018 година премина кон претседателски систем.
- Во периодот од 2016 до крајот на 2025 година, обвинителите отвориле речиси 83.000 предмети за делата навредување на претседателот, знамето и државните симболи, турската нација и државните институции.
- Трамп блокира клучни американски санкции и царини поврзани со Русија, само неколку дена пред тие да стапат на сила согласно „Законот на Линдзи Греем“, усвоен од Конгресот и потпишан од претседателот минатиот месец.
- Мерките вклучуваат царини за увоз на руски стоки и казнени царини од 100% за земји што купуваат нафта и гас од Русија.
- Трамп истакна дека ги одложува санкциите „заради националниот интерес на САД“. Проценките се дека новите мерки дополнително ќе ги зголемат цените на горивата, токму пред изборите за американскиот Конгрес во ноември.
- Во новата наредба се истакнува дека законот не се укинува целосно и дека санкциите ќе може да бидат воведени „кога Трамп или високи функционери ќе проценат дека се соодветни“.
- Кирил Дмитриев, претставникот на Путин за инвестиции, ја нарече одлуката на Трамп „историски момент“, бидејќи законот ќе запрел секаква економска соработка меѓу Русија и САД.