Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Охрид го спасува Охридскиот маратон

18 август 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков објави Охридски маратон годинава сепак ќе има а од следната општината ја презема организацијата.
  • „Маратон ќе има. Две или три години има неисплатен фонд кон пливачите. Начинот на водење на овој маратон од година во година се уништува. Тоа се гледа и во посетеноста. Ќе направиме сè што е во наша моќ да го организираме маратонот а од следната година и да го организираме“.
  • Левица ја коментираше лежерноста со која Пендаровски дигна раце од најстарата спортска манифестација со традиција од 60 години: „Владејачката СДС постојано докажува дека е антимакедонска партија која на секој можен начин се обидува да ги уништи сите традиционални манифестации и вредности кои се обележје, симбол и препознатливост за Македонија во светот, како Охридскиот пливачки маратон. Нивниот антимакедонизам само расте и гази сè што го одржува македонскиот дух“.
извор

Насилни протести во Тирана за оставка на Рама

28 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Илјадници демонстранти кои бараат оставка од премиерот Еди Рама се судрија со специјалната полиција на централниот плоштад „Скендербег“ во Тирана, токму на Денот на независноста на Албанија.
  • Демонстранти, кои пристигнале од целата земја, фрлаа камења, сигнални ракети и димни бомби кон кордоните и владините згради, а полицијата возврати со солзавец и водени топови.
  • Според Министерството за здравство, повредени се најмалку осум луѓе, вклучувајќи полицаец и двајца новинари.

  • Бранот незадоволство во Албанија почна крајот на мај, поттикнат од плановите за изградба на луксузен туристички комплекс во јужниот дел на земјата – проект поврзан со фирма основана од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Трамп.
  • Низ месеците протестите се проширија во бунт против корупцијата во владата, растот на трошоците за живот и ограничените можности. Во изминатите неколку недели беа запалени банки, судови и владини згради.
  • Студентите сега повикуваат на уште помасовни демонстрации се до оставка на премиерот Рама, кој е на власт од 2013 година. Група студенти, професори и претставници на дијаспората најавија основање на нова политичка партија „Обединети за Албанија“, со цел да постигнат промени преку институционални средства.
извор

Аргентина ѝ забрани на Централната банка да печати пари по волја на владата

28 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Парламентот на Аргентина изгласа закон со кој ѝ се забранува на Централната банка да печати пари за да ги покрие владините трошоци. Банката е ограничена на својата основна мисија да ја одржува вредноста на националната валута.
  • Ова е еден од клучните чекори во стратегијата на претседателот Хавиер Милеи да ја запре инфлацијата, која во времето на претходната администрација во 2023 година надмина 200%.
  •  Под водство на Милеи, Аргентина ги намали владините расходи и инфлацијата, но се зголеми сиромаштијата. 
  • „Заврши времето на Централната банка која финансираше политичка кражба преку печатење пари. Заврши монетарната катастрофа во Аргентина. Завршија 91 година измами“, соопшти претседателот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

„Македонци претерали“

2

Остри реакции од бугарските и француските власти за крвавите сцени во Марсеј

Навивачи
3

На жените во Авганистан им ги зедоа и имињата

4

Тренерот на Црвена Ѕвезда збесна на прашање за Гаштаров

Фудбал
5

Чесен Титов пионерски збор

Медиуми
6

Кога некој лепицанер ќе одбие репрезентација, раскажете му за Шенгелија

Кошарка
7

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

8

ОпенАИ и Антропик развиле клуч за сите шифри во светот?

Технологија
1

На жените во Авганистан им ги зедоа и имињата

2

ОпенАИ и Антропик развиле клуч за сите шифри во светот?

Технологија
3

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

4

„Чип-доларите“ се новите петродолари

Бизнис
5

Австриски опозициски лидер ја повика ЕУ да ги депортира мигрантите во Украина

6

Како хакираниот Брисел ќе чува податоци за 450 милиони луѓе?

Свет
7

Аргентина ѝ забрани на Централната банка да печати пари по волја на владата

8

Бугарија ја уценува Албанија да ги конвертира Македонците во Бугари

* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Чесен Титов пионерски збор

Балканштина

Резултати од последниот систематски преглед

Македонштина

Старо Скопје

Македонштина

Апел до уролозите: Намалете со тоа прстите!

Медиуми

Информер пука по шавови

Разно

Аплауз за Димитрија

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како ни ги одмилија патлиџаните

Да, со Трендо светот е повесел. На еден врло заебан начин

Пред да ги вакцинирате децата

Рецепт за печено прасе

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy