- 11 весници ќе поделат половина милион евра помош од Владата.
- Весниците ќе ги добијат парите со цел „заштита на плурализмот во областа на медиумите“.
- Ова е четврта година по ред како Владата им плаќа субвенции на печатените медиуми.
- Тиражот на весниците не е еден од условите за добивање поддршка.
- Израелските напади врз јужен Либан убија најмалку седум лица, вклучувајќи две деца, само неколку часа откако се објави дека е постигнат договор за прекин на огнот.
- Ден пред договорот, Израел и Хезболах се маваа јако: загинаа 47 луѓе во Либан и четворица израелски војници.
- Инаку, двете страни рекоа дека ќе го почитуваат договорот.
- Договорот меѓу САД и Иран бара прекин на воените операции во Либан и почитување на неговиот суверенитет но ни Израел ни Хезболах не се потписници на тој договор.
- Истражувачи од израелскиот универзитет Технион успеаја првпат во реално време да регистрираат оптички фазни сингуларитети - точки на тотална темнина во сноп светлина, што се движат побрзо од самата светлина.
- Бидејќи овие точки не носат маса или информации, нивното движење не ја нарушува Ајнштајновата теорија за релативност.
- Користеле напреден електронски микроскоп и материјал (hexagonal boron nitride) за забавување на светлосните бранови (над сто пати побавно отколку во вакуум), забавување кое им дало можност да испитуваат настани кои инаку би биле пребрзи и премали за следење.