- Две лица загинаа и 15 патници се повредени при судар на автобус и автомобил на автопатот А3 во Хрватска денеска во 3.10 часот.
- Автобусот со босански регистерски таблички удрил во „голф“, а потоа и во заштитната ограда и се превртел.
- Автопатот бил затворен со часови, поради што се создала колона од 11 километри во насока кон Загреб.
- Ворен Бафет, веројатно најуспешниот инвеститор на сите времиња, објави дека до крајот на годината ќе се повлече од директорската позиција во неговата компанија „Беркшир Хетавеј“. Кормилото му го предава на потпретседателот Грег Ејбел.
- Со богатство проценето на 154 милијарди долари Бафет сега е четвртиот најбогат човек во светот. Без оглед на тоа, веќе 65 години живее во скромна куќа во Омаха.
- Ги заработил првите пари како шестгодишно дете. Ги купил првите акции на возраст од 11 години. Плаќа даноци 81 година.
- Од пропаднатата текстилна компанија „Беркшир Хетавеј“ создаде инвестициски гигант вреден 1.160 милијарди долари. Поседува повеќе од 60 компании и има пакети акции во Епл, Кока Кола, Банката на Америка и Американ експрес. Вели дека нема да продаде ниту една единствена акција од „БХ“. Сите ќе ги подари.