- Данска побара од ЕУ да го употреби „сиот легален арсенал“ мерки против Унгарија, вклучувајќи и одземање на правото на глас, поради нарушување на основните права на Унијата.
- „Сè уште сме сведоци на прекршување на основните вредности. Затоа ќе ги продолжиме процедурата од Членот 7 и сослушувањата на Унгарија“, изјави министерката за европски работи на Данска, Мари Бјере.
- Членот 7 во ЕУ важи за „нуклеарна“ опција. Овозможува одземање на правото на глас на некоја членка како казна ако не се придржува до правилата. Унијата досега не го користела, наспроти постојаните обвинувања на сметка на Будимпешта.
- Данска, која од 1 јули го презеде претседавањето со ЕУ, ја обвинува Унгарија и за блокирањето на евроинтеграцискиот процес на Украина.
- Дипломати во Брисел тврдат дека заканите од Данска нема да може да се спроведат без политичка поддршка од Берлин и од Париз, која засега ја нема.
- На максимална казна од 50 години затвор е осуден Крешимир Пахоки, пензиониран хрватски воен полицаец, поради убиство на својата мајка и на уште пет лица во дом за стари лица лани во Дарувар.
- Во вкупната казна се вклучени 25 години затвор за убиство на мајката, по 21 година за убиства на четири лица од домот, 15 за убиство на негувател и по 10 години за обид на убиство на лицата што ги ранил.
- Пахоки го изврши злосторството лани на 22 јули. Вооружен со револвер пукал во својата мајка, а потоа и во сите други немоќни лица што ги видел во старечкиот дом. Убивал без милост. Истрелал 14 куршуми и два пати го наполнил револверот.
- Спроти објавувањето на пресудата тој изјави дека не се чувствува виновен за ниту едно од 13-те обвиненија.