- Хакери успеале да украдат дел од сорс-кодот на Ластпас, алпликацијата за чување лозинки со над 30 милиони корисници.
- Во нападот не се пипнати корисничките податоци.
- Од Ластпас порачуваат дека за сега нема причина да паничите и да ги менувате сите пасворди што ги имате.
- Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење.
- „Последните добиени резултати покажуваат дека водата е микrобилошки и бактериолошки исправна. Со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење“, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
- На граѓаните им се препорачува пред да ја користат за пиење, водата од чешмите добро да ја истечат.