- Во далечната 1996 година фино било да се работи во „Окта“ (уште непродадена на Хеленик петролеум) кои имале 50% повеќе од просекот. Натпросечни биле и платите во Електростопанство и во преработка на хемиски производи.
- Текстилците тогаш земале нешто повеќе отколку сега (во однос на просечната плата).
- Денес производителите на храна заработуваат значително помалку (20%) од просекот, а градежништво е подобро од порано. Секторот „информации и комуникации“ годинава избива на прво место по платите, а лани беше на второ.
- Израелските напади врз јужен Либан убија најмалку седум лица, вклучувајќи две деца, само неколку часа откако се објави дека е постигнат договор за прекин на огнот.
- Ден пред договорот, Израел и Хезболах се маваа јако: загинаа 47 луѓе во Либан и четворица израелски војници.
- Инаку, двете страни рекоа дека ќе го почитуваат договорот.
- Договорот меѓу САД и Иран бара прекин на воените операции во Либан и почитување на неговиот суверенитет но ни Израел ни Хезболах не се потписници на тој договор.
- Истражувачи од израелскиот универзитет Технион успеаја првпат во реално време да регистрираат оптички фазни сингуларитети - точки на тотална темнина во сноп светлина, што се движат побрзо од самата светлина.
- Бидејќи овие точки не носат маса или информации, нивното движење не ја нарушува Ајнштајновата теорија за релативност.
- Користеле напреден електронски микроскоп и материјал (hexagonal boron nitride) за забавување на светлосните бранови (над сто пати побавно отколку во вакуум), забавување кое им дало можност да испитуваат настани кои инаку би биле пребрзи и премали за следење.