- Кога беше сменето уставното име на државата и на нацијата, наспроти изборната програма на партиите и консултативниот референдум?
- Кога беше забрането користењето на придавката македонски за идентификување на нацијата и државата?
- Кога беа преименувани сите национални институции – армијата, полицијата, архивите, музеите …, кои од македонски станаа „на Северна Македонија“?
- Кога беше избришан „Манифестот на АСНОМ до македонскиот народ“ од Уставот, пришто државата и нацијата беа историски редефинирани?
- Кога историските имиња Македонија и Македонци, беа политички дефинирани како „хеленски“, кои историски немаат ништо заедничко со Словените и со нивното само-идентификување?
- Кога беа брусени шахтите со знамето од Кутлеш?
- Кога Заев се извинуваше што ја нарекол фудбалската национална репрезентација македонска?
- Илјадници демонстранти кои бараат оставка од премиерот Еди Рама се судрија со специјалната полиција на централниот плоштад „Скендербег“ во Тирана, токму на Денот на независноста на Албанија.
- Демонстранти, кои пристигнале од целата земја, фрлаа камења, сигнални ракети и димни бомби кон кордоните и владините згради, а полицијата возврати со солзавец и водени топови.
- Според Министерството за здравство, повредени се најмалку осум луѓе, вклучувајќи полицаец и двајца новинари.
- Бранот незадоволство во Албанија почна крајот на мај, поттикнат од плановите за изградба на луксузен туристички комплекс во јужниот дел на земјата – проект поврзан со фирма основана од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Трамп.
- Низ месеците протестите се проширија во бунт против корупцијата во владата, растот на трошоците за живот и ограничените можности. Во изминатите неколку недели беа запалени банки, судови и владини згради.
- Студентите сега повикуваат на уште помасовни демонстрации се до оставка на премиерот Рама, кој е на власт од 2013 година. Група студенти, професори и претставници на дијаспората најавија основање на нова политичка партија „Обединети за Албанија“, со цел да постигнат промени преку институционални средства.
- Парламентот на Аргентина изгласа закон со кој ѝ се забранува на Централната банка да печати пари за да ги покрие владините трошоци. Банката е ограничена на својата основна мисија да ја одржува вредноста на националната валута.
- Ова е еден од клучните чекори во стратегијата на претседателот Хавиер Милеи да ја запре инфлацијата, која во времето на претходната администрација во 2023 година надмина 200%.
- Под водство на Милеи, Аргентина ги намали владините расходи и инфлацијата, но се зголеми сиромаштијата.
- „Заврши времето на Централната банка која финансираше политичка кражба преку печатење пари. Заврши монетарната катастрофа во Аргентина. Завршија 91 година измами“, соопшти претседателот.