Тони Блер, војвотката од Корнвел и баронесата Амос по личен избор на кралицата, стануваат членови на најстариот британски благороднички круг, тн. Редот на подвезицата чие мото е „Honi soit qui mal y pense“ (во слободен превод: „Да му умре мајка на оној кој на друг јама му копа“).
Кралицата има право на максимум 24 живи придружници од овој ред (моментално има 21). Поранешниот премиер добива титула Сер, а баронесата Амос, некогаш министерка во лабуристичката влада, сранува прва црнкиња во Редот.
67 годишната Амос и 68 годишнипот Блер се најмлади членови на редот. Под лидерство на Блер, Британија тргна во американската војна против Ирак и Авганистан.
Собранието ги усвои измените на Законот за административни службеници со кои административците што две години по ред ќе добијат оценка „1 - не задоволува“ ќе го загубат работното место.
Освен построги правила за оценување, законските измени носат и промени во напредувањето, дисциплинската одговорност и организацијата на административната служба. Власта тврди дека целта е поефикасна, потранспарентна и попрофесионална администрација, додека опозицијата предупредува дека дел од решенијата отвораат простор за политички притисоци врз вработените.
Една од клучните новини е укинувањето на можноста за унапредување без претходно објавување интерен оглас.
Опозициската СДСМ не ги поддржале измените. „Една работа да пофалевте, да речете добро е, се исправи една работа“, рекол координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски.
Вештакот Петре Русески, ангажиран од одбраната во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на денешното рочиште рече дека не смета дека постои основ за негово изземање, откако Обвинителството откри дека е обвинет за давање лажен исказ во друг предмет.
Рекол дека за обвинението против него 2 години немало рочиште.
Русески остана на ставот дека од градежен аспект објектот одговорил на својата намена и дека изведените зафати претставувале „градежно-занаетчиски работи“. Овој вештак го изработи градежното вештачење за одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов и за двајца други обвинети.
Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката Пулс, остро реагираа на изнесените тврдења во судницата од страна на вештакот на одбраната и на минатото рочиште. Александар Наунов, во изјава за медиумите на паузата од минатото рочиште, истакна дека “изведените градежни зафати не може да се третираат како обични занаетчиски работи со цел да се избегне одговорноста за градење без одобрение”, потенцирајќи дека судскиот процес “не е само за градежни конструкции, туку за безбедноста, одговорноста и загубените човечки животи”.