Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Гзот ќе си го искинат за пари

7 јануари 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Стефани Мато имаше чувство дека буквално седи на злато, сè додека не заврши од болница затоа што премногу злато истиснала од себе.
  • Пишувавме за неа, 31 годишна девојка која продаваше прдежи во тегла и од тоа заработуваше 50 илјади евра неделно.
  • Завршила во болница заради претерано производство што довело до симптоми слични на инфаркт а најверојатно е виновен нејзиниот режим на исхрана кој се состоел главно од грав, јајца и банани.
  • Стефани знаела да „наполни“ и по 50 тегли дневно кои ги продаваше од 500 до 1.000 долари и себе се нарекуваше фартепренур.
  • По истиот бизарен механизам по кој нејзините прдежи станаа производ, по најавата за нејзино пензионирање, на теглите кои се во оптек веројатно ќе им се качи цената.
извор

Администрација: Два кеца за црвен картон

19 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Собранието ги усвои измените на Законот за административни службеници со кои административците што две години по ред ќе добијат оценка „1 - не задоволува“ ќе го загубат работното место.
  • Освен построги правила за оценување, законските измени носат и промени во напредувањето, дисциплинската одговорност и организацијата на административната служба. Власта тврди дека целта е поефикасна, потранспарентна и попрофесионална администрација, додека опозицијата предупредува дека дел од решенијата отвораат простор за политички притисоци врз вработените.
  • Една од клучните новини е укинувањето на можноста за унапредување без претходно објавување интерен оглас.
  • Опозициската СДСМ не ги поддржале измените. „Една работа да пофалевте, да речете добро е, се исправи една работа“, рекол координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски.
извор

Обвинет за лажен исказ, вештак продолжил да сведочи за „Пулс“

19 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Вештакот Петре Русески, ангажиран од одбраната во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на денешното рочиште рече дека не смета дека постои основ за негово изземање, откако Обвинителството откри дека е обвинет за давање лажен исказ во друг предмет.
  • Рекол дека за обвинението против него 2 години немало рочиште. 
  • Русески остана на ставот дека од градежен аспект објектот одговорил на својата намена и дека изведените зафати претставувале „градежно-занаетчиски работи“. Овој вештак го изработи градежното вештачење за одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов и за двајца други обвинети.
  • Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката Пулс, остро реагираа на изнесените тврдења во судницата од страна на вештакот на одбраната и на минатото рочиште. Александар Наунов, во изјава за медиумите на паузата од минатото рочиште, истакна дека “изведените градежни зафати не може да се третираат како обични занаетчиски работи со цел да се избегне одговорноста за градење без одобрение”, потенцирајќи дека судскиот процес “не е само за градежни конструкции, туку за безбедноста, одговорноста и загубените човечки животи”. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Едно академско прашање

Балканштина
2

Ние би му ставиле петка

Балканштина
3

Игри без граници

Разно
4

Никола Димитров и македонското искуство за „пократок пат до ЕУ“

5

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина
6

Боже, дај ми знак

Разно
7

Нова црногорска епика

Балканштина
8

За да не ве критикуваат дека сте го одбрале најевтиното вино

Видео
1

Никола Димитров и македонското искуство за „пократок пат до ЕУ“

2

Од март камери ќе наплаќаат патарина во Хрватска

3

Маск чести: По 1 акција од SpaceX за секое дете во САД

4

Мрзливата Европа го преспа подемот на Индија и Кина

Бизнис
5

Путин бара самит со Трамп и Си за Украина

6

ББЦ Државна

Свет
7

Администрација: Два кеца за црвен картон

8

Дигиталниот идентитет во ЕУ ќе стане задолжителен пред банките

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Балканштина

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина

Ние би му ставиле петка

Балканштина

Изгубени во подесувањата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Со даскал по глава

Искрен оглас на денот

Глувци против луѓе

Сè или нешто да мириснам

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy