Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Германија прогласи висок ризик од напад

18 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Германското Министерство за внатрешни работи го крена нивото на безбедносен ризик од „апстрактна“ на „висока“ закана од напади, врз основа на разузнавачки податоци. Министерот Александар Добринт изјави дека има „јасно видливи закани“ за инфраструктурата, институции и поединци, но одби да наведе конкретни детали.
  • Германија во изминатите години почесто беше цел на напади и убиства. Во декември 2024 година саудиски лекар со автомобил удираше пешаци на божиќниот пазар во Магдебург. Шест лица загинаа, а стотици беа повредени. Претходно сириски државјанин инспириран од Исламска држава со нож нападна посетители на фестивал во Солинген. Службите за безбедност неодамна спречија напад планиран од бомбаши регрутирани од странски разузнавачки служби.
  • Зачестија и нападите од домашни левичарски екстремисти. Групата Вулкан ја презеде одговорноста за пожар подметнат во Берлин, а Angry Birds Commando за поставувањето бомби во каналите за кабли близу железничката пруга Келн-Дизелдорф. 
  • Министерот Добринт најави сеопфатни законски реформи со кои првпат експлицитно би им се дозволило на разузнавачките службите директно да интервенираат во итни ситуации – да упаѓаат во домови и да вршат претреси, наместо само да собираат и да анализираат информации.
извор

Стакленичките гасови повторно се во пораст, Кина чури најмногу

27 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Кина испуштила 15.981 милиони метрички тони стакленички гасови во 2025 година, што е околу 30% од вкупниот број во светот и 2,7 пати повеќе од САД, покажува базата на податоци EDGAR на Европската комисија.
  • САД се рангираа на второ место со 6,018 милиони тони (11,4%), по што следат Индија (8,5%), Русија (4,9%) и Индонезија (2,6%).
  • Петте најголеми емитери сочинуваат речиси 58% од вкупниот глобален износ.
  • Емисиите повторно се зголемиле на глобално ниво, во просек 0,9%, при што емисиите на САД се зголемиле за 2,2%, на Кина се зголемиле за 0,1% и на Индија се намалиле за 0,2%.
извор

Шведската влада ги блокира ChatGPT и Claude

27 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Вработените во шведската влада од вчера не смеат да ги користат моделите ChatGPT на OpenAI и Claude на Anthropic преку прелистувачи на своите службени компјутери, откако се појавиле безбедносни грижи поврзани со обработката на чувствителни податоци во администрацијата за транспорт.
  • Само ограничен број вработени ќе смеат да продолжат да користат ChatGPT и Claude, но исклучиво преку посебна платформа развиена специјално за шведските власти.
  • На другите службеници како алтернатива им е понуден Copilot на Microsoft, кој поминал низ безбедносна проверка и неговото користење е регулирано со договор со американската компанија.
  • На списокот забранети алатки со ВИ во Шведска од почетокот на годинава е и кинескиот DeepSeek.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Доби црвен и се врати од тунелот за да го патосира Чурлинов

Фудбал
2

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Балканштина
3

Ана Брнабиќ, машки

Балканштина
4

Така испаѓа

Балканштина
5

Србија: Кој ќе биде намагарчен?

Мешано
6

Зеленски во 2023 одбил мировен план поволен за Украина

Свет
7

Кога си гладен не си свој

Балканштина
8

Европа вложи сè во коли на струја - и загуби

Бизнис
1

Зеленски во 2023 одбил мировен план поволен за Украина

Свет
2

Европа вложи сè во коли на струја - и загуби

Бизнис
3

Нетфликс се изгуби во сопственото сценарио

Занимливости
4

Фаќање сеир на оние кои избегаа од Трамп

Разно
5

Галантните кираџии на Велика Британија

Свет
6

Антропик се претстави како темпирана бомба за човештвото и инвеститорите

Технологија
7

Србија реши дека му е доста на Вучиќ

8

Поранешна мис го обвинува Трамп дека ја силувал

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Балканштина

На „револуционерите“ никогаш не им е доволно

Балканштина

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Балканштина

Така испаѓа

Балканштина

Ана Брнабиќ, машки

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Самрак на Боговите

Секогаш најтешки му се паѓаат

Народот беше во право

На Барила и загореа односите со јавноста

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy