- Нетфликс наскоро би можел да понуди двојно поевтина претплата во модел во кој корисникот ќе мора дa гледа реклами.
- Планираат да пуштаат 4 минути реклами на еден час, што е многу помалку од кабелските телевизии кои пуштаат и по 20 минути реклами на саат.
- Нетфликс ветува дека рекламите ќе се пуштаат само пред и после филмот/епизодата/емисијата и дека содржината нема да биде прекинувана.
- Амбасадата на САД во Израел ги повика сите вработени што не се на клучни позиции итно да ја напуштат земјата заедно со семејствата, поради можен американски воен напад врз Иран.
- Амбасадорот Мајк Хакаби им препорачал на службениците да купат билет за „било кој лет надвор од Израел“, а потоа да продолжат до Вашингтон.
- „Оние што ќе прифатат овластено заминување треба да го сторат тоа денеска. Може да има летови и во наредните денови, но можеби ќе нема“, предупредил амбасадорот.
- Причината е јасна – при евентуален американско-израелски напад врз Иран, се очекува Техеран да нареди одмазднички напади врз Израел.
- Додека американски и ирански делегации преговараат во Женева за иранската нуклеарна програма, САД концентрираа силна армада близу Персискиот Залив - два носачи на авиони и бомбардери во воздухопловните бази на Блискиот Исток. Последните информации од Женева се дека преговорите биле „позитивни“ и дека е постигнат напредок.